26.06.2014. - Свечена промоција на Екосфера

ГЛОБАЛЕН ЕКОЛОШКИ ФОНД ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
ЛОКАЛНИ АКЦИИ ЗА ГЛОБАЛНО ВЛИЈАНИЕ

„Екосфера – еколошка платформа“ Свечена промоција на Екосфера

„Еко-свест“- Скопје и „Биосфера“- Битола


Контакт: Стојан Лешоски – проектен координатор
Email: stojan@ekosvest.com.mk, info@ekosfera.mk
Тел: 071 851118, 3217 247
Локација: хотел Холидеј Ин сала „Милениум I“ во Скопје
Датум: 26.06.2014
Време: 10.00-14.00 часот

Скопје, 26.06.2014- Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Скопје и Центарот за едукација, заштита на животната средина и природата „Биосфера“ од Битола денес официјално ја промовираат и пуштаат во употреба единствената електронска платформа за граѓански организации, институции, медиуми и експерти- Екосфера.

Главна цел на еколошката платформа Екосфера е да им помогне на еколошките здруженија активно да учествуваат во консултативните процеси, адекватно да разменуваат информации со надлежните институции, медиуми и експерти, да развиваат партнерства и да соработуваат, да ги следат влијанијата врз животната средина и еколошките трендови на локално и национално ниво и да ја подобрат својата отчетност пред јавноста.

Конференцијата за медиуми е закажана во 10:00 часот.

Говорници на настанот ќе бидат: г-дин Стево Темелковски, Заменик Министер, Министерство за животна средина и просторно планирање, г-дин Златко Самарџиев, национален координатор на ГЕФ Програмата за мали грантови – Македонија, г-дин Стојан Лешоски, проектен координатор во Еко-свест, г-дин Нешад Аземовски, претседател, Биосфера, г-дин Методија Саздов, претседател на Македонски зелен центар.

По промотивниот настан и коктелот, предвидена е работилница со наслов „Иднината на Екосфера“ наменета за сите заинтересирани страни.

Вкупниот буџет на проектот е 50 543,71 американски долари од кои 25 000 американски долари се обезбедени од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), а останатите се учество на Еко-свест, Биосфера и приватни компании од Македонија.

Проектот е исто така подржан од Министерството за животна средина и просторно планирање како и од Министерството за информатичко општество и администрација.

Повеќе информации ви се достапни на адресата на платформата www.ekosfera.mk или од координаторот на проектот Стојан Лешоски.



Еко-свест

повеќе