09.09.2014. - БАЛКАНСКИОТ РИС СО ПОДДРШКА ОД РЕЧИСИ 100.000 ПОТПИСНИЦИ

Скопје, 09.09.2014- 97.804 застанаа на страна на Балканскиот рис. Да го зачуваме еден од најстарите национални паркови во Европа и дом на Балканскиот рис – Маврово!

Меѓународната електронска петиција за спас на еден од најстарите национални паркови во Европа започна на 9ти април годинава, а поддршката можеше да се даде до 5ти септември. 97.804 побараа од Светската Банка и ЕБОР да се откажат од финансирањето на двата хидроенергетски проекти Луково Поле и Бошков Мост.

97.804 испратија едногласна порака до Владата на Република Македонија да се откаже од намерата за реализација на двата хидроенергетски проекти Луково Поле и Бошков Мост.

Соопштението за печат и протпратното писмо до г. Груевски се достапни на следните линкови:

Соопштение за печат 09.09.2014

Писмо до г. Груевски 09.09.2014

Еко-свест