03.11.2011. - Еко-свест добитник на наградата “13 Ноември” на Град Скопје!

Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје во 2011 година за правни лица ја доби Здружението „Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-Свест“. Еко-свест оваа награда заслужно ја доби за реализирање на проектот "Велосипеди за сите", проект кој го придвижи процесот на употребата на велосипедот како дел од урбаниот јавен превоз, односно како транспортен модел кој е пријателски за животната средина, преку воспоставување на ситемот за изнајмување на велосипеди на неколку локации низ Скопје. Честитки!

Еко-свест

повеќе