11.01.2016. - Оглас за вработување

Еко-свест има потреба од 1 (еден) проектен координатор за времетраење од 30 месеци за реализација на проект со почеток од 01 февруари 2016 година.

Потребни квалификации за позицијата:

• Претходно работно искуство од најмалку 5 години,
• Претходно работно искуство во граѓанска организација,
• Претходна раководна улога во реализација на проект во граѓанска организација ќе се смета за предност,
• Искуство во организирање настани, средби, работилници и сл.
• Познавање на компјутери и англиски јазик.

Останати потребни квалитети:

• Способен/на за тимска работа,
• Комуникативен/на и одлично пишано и вербално изразување,
• Можност да патува низ Македонија за потребите на проектот (потреба од возачка дозвола „Б“ категорија).

Работни задачи на проектниот координатор во Еко-свест за потребите на проектот „IPA2CSO“

Со овој документ се пропишуваат работните обврски на проектен координатор потребен за реализација на проектот „IPA2CSO” со почеток на 1.2.2016 година и траење од 30 месеци. Проектот „IPA2CSO” има цел да воспостави механизам за суштинска консултација помеѓу граѓанските организации и владините институции во РМ.

Проектниот координатор ги врши следните работни задачи за потребите на проектот:

• Планирање и организација на настаните кои ќе се организираат во рамките на проектот,
• Буџетирање на трошоците за изведување на проектот и следење на реализацијата на истите
• Земање учество во настаните кои ќе се организираат во рамките на проектот
• Учество во изработката и издавањето на промотивните материјали за проектот
• Координација и комуникација со проектниот апликант и другите партнери,
• Известување на извршниот директор на Еко-свест за текот и резултатите од проектот
• Други обврски кои би произлегле од активностите во рамките на проектот

Проектниот координатор ќе ги извршува своите работни задачи за 75% работно време односно 30 работни часови неделно.

Сите заинтересирани треба да испратат своја биографија и писмо за мотивација најдоцна до 25 јануари, 2016 година до 16:00 часот на e-mail info@ekosvest.com.mk со назнака „За огласот за вработување“.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесна селекција ќе бидат поканети на интервју.

Еко-свест

повеќе