17.03.2016. - Покана за консултативен состанок

Почитувани колеги,

Ве покануваме на консултативен состанок на тема Нацрт извештајот за напредокот на Република Македонија за поглавјето Животна средина и климатски промени, кој ќе се одржи на 21.03.2016, понеделник, во просториите на Делегацијата на ЕУ во Скопје, со почеток во 10 часот.

Еко-свест во партнерство со МЦЕТ, Реактор и Зенит го спроведува проектот ИПА 2 Механизам за граѓански организации (IPA2CSO). Во рамките на овој проект, предвидени се широки консултации со граѓанските организации на повеќе теми, една од кои е животната средина.

Како и секоја година, консултацијата ќе ја одржиме со учеството на претставниците од Делегацијата на ЕУ во Македонија, одговорни за прашањата поврзани со животната средина. Состанокот ќе се одвива со следниот тек:

1) Опис на секторот според извештајот за земјата од 2015 година.
2) Преглед на секторски програмски документи (доколку има)
3) Дискусија во согласност со тематските области од извештајот за напредокот на земјата од 2015 година релевантни за поглавјето 27.
4) За целите на нацрт извештајот за напредок, присутните ќе можат да дискутираат и за улогата на граѓанските организации во Македонија.

Со цел успешна организација на состанокот, Ве молиме да го пријавите Вашето присуство најдоцна до петок, 18.03.2016, до 12 часот на следната електронска пошта: vesna@ekosvest.com.mk

Еко-свест

повеќе