17.03.2016. - ИПА 2 Механизам за граѓанските организации - ПОВИК

Ве повикуваме да се вклучите во ИПА 2 механизмот кој ја поддржува партиципативната демократија преку соработка на државните органи со граѓанските организации.

Организациите кои ќе изразат интерес ќе имаат можност да:

- учествуваат во секторски консултации и консултации со државните органи и Делегацијата на Европската унија;
- станат добитници на проектен грант преку „IPA2CSO“;
- станат членки на мрежата од 96 организации која го следи програмирањето и искористувањето на средствата од претпристапната помош на ЕУ во Македонија – ИПА 2 механизам;
- учествуваат во националната годишна средба на граѓански организации – членки на ИПА 2 механизмот;
- земат директно учество во изработка на секторски анализи за различни јавни политики;
- пријават свој практикант за програмата на менторство во рамки на проектот;
- учествуваат во јавни дебати и промоции;
- пристапат до информации за текот на проектот.

Начин на изразување интерес:
Заинтересираните организации треба да ја пополнат интернет пријавата за учество во проектот дадена во линкот подолу
ПРИЈАВА

Акцијата IPA2CSO ја спроведуваат Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Еко-свест, Реактор и Зенит. Акцијата IPA2CSO е финансирана од Европската унија.

Еко-свест

повеќе