25.04.2016. - Покана за турнеја на кајакарите по балканските реки

Почитувани,
Тимот на Синото срце на Европа и локалните партнери од Дебар и Река Ве покануваат на уникатен настан на 4 и 5 мај во Националниот парк Маврово. Кајакари од цела Европа, предводени од поранешниот словенечки олимписки спортист Рок Розман, во рамки на Турнејата по балканските реки, ќе кајакарат на реките Радика и Мала Река под слоганот "Да ги зачуваме балканските реки - Стоп за напливот на хидроцентрали!". Преку оваа турнеја кајакарите сакаат да се подигне свеста за убавината на реките и заканите со кои тие се соочуваат.

И покрај тоа што Националниот парк Маврово е еден од најстарите национални паркови во Европа и значајна точка на висока биолошка разновидност, неговите кристално чисти реки се мета за изградба на 19 нови хидроелектрани, вклучувајќи ги и двете големи "Бошков Мост" и "Луково Поле". Целокупното влијание на проектите заедно со потребната инфраструктура го доведува во прашање статусот на национален парк и заштитата на веќе загрозените видови.

Ќе ни претставува особена чест и задоволство доколку и Вие присуствувате на овој невообичаен и интересен настан.

Турнејата по Балканските Реки е заедничка активност на EuroNatur, Riverwatch, Leeway Collective и WWF во рамки на кампањата "Да го зачуваме синото срце на Европа", поддржана од Фронт 21/42, Еко-свест и МЕД со локалните партнери Центарот за одржлив развој на заедницата - Дебар и Дешат.

ПРОГРАМА

Вторник, 3 мај– Пристигнување на кајакарите во Националниот парк Маврово во вечерните часови

Среда, 4 мај – Настан

09:00 Кајакарење на реката Радика – Почетна точка село Ничпур до месноста „Трничкин Камен“ каде Мавровска река се влева во реката Радика.
15:00 Собир на сите учесници и кајакари на ледината покрај река Радика во село Јанче - излет со традиционална храна од регионот на “Река”, Маврово
18:00 Собир на сите учесници и кајакари во хотел Туто, Јанче
18:00-18:20 Презентации
Тереза Шилер (ЕУРОНАТУР) – Кампања „Да го зачуваме синото срце на Европа“
Рок Розман (Ливеј Колектив) – Кајакарска турнеја по балканските реки
Александра Бујароска (Фронт 21/42) – Кампања „Зачувување на Националниот Парк Маврово“
Шуип Марку (Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар) - Активности на локалното население на Дебар за зачувување на Националниот парк Маврово
18:30 – 19:00 Проекција на “Едно за Реката – приказна за Вјоса” во хотел Туто, с. Јанче
19:00 – 19:30 Дебата “Национални паркови vs. хидроелектрани” во хотел Туто, с. Јанче
19:30 Вечерен коктел во хотел Туто, с. Јанче

Четврток, 5 мај – Кајакарење на Мала Река

09:00 Кајакарење на Мала река – Почетна точка под село Селце, Тресонечка река до локалитетот „Еленскок“ на Мала река.

Еко-свест

повеќе