2.06.2016. - Прв повик за доделување грантови во рамките нa ИПА 2 механизам за граѓанските организации (IPA2CSO), Реф. бр. IPA2/GS-01

ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации, во рамки на проектот финансиран од Европската унија: „ИПА 2 Механизам за граѓанските организации - IPA2CSO“, објавува:

Прв повик за доделување грантови во рамките нa ИПА 2 механизам за граѓанските организации (IPA2CSO) Референтен број IPA2/GS-01. Истиот е наменет да обезбеди поддршка за граѓански организации за изработка на секторски анализи на политики, со опис на моменталната состојба и предлози/препораки за нејзино подобрување. Во прилог се дадени целосниот Повик, прилогот со темите и соодветната пријава и буџетски формулар.

Целосните апликации со придружните документи треба да се испратат во електронска форма на ipa2cso@mcet.org.mk (со назнака во subject: IPA2CSO Прв повик) не подоцна од 30 јуни 2016 г. 17:00 часот.

Еко-свест

повеќе