7.09.2016. - Повик за проектни идеи од локални иницијативи за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје

Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест објавува повик до локалните неформални иницијативи од Скопје за доставување на проектни идеи за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот.

Неформалните иницијативи се покануваат да достават проектни апликации за активности кои на локално ниво би придонесле за решавање на проблемот и би ги стимулирале граѓаните самите да преземат одговорност за загадувањето на воздухот и да ги променат своите навики.

Повикот се реализира со финансиска поддршка од Американската амбасада во Скопје. Во прилог се дадени целосниот повик и формуларот за апликација.

Сите заинтересирани локални неформални иницијативи можат да аплицираат на повикот со пополнување на пријавата во прилог и доставување на истата до Еко-свест во електронска форма на info@ekosvest.com.mk најдоцна до 18 септември 2016 година.

Повик

Пријава

Еко-свест