13.12.2016. - Прес соопштение- Поддршка на граѓански иницијативи

Почитувани,

Со задоволство би сакале да Ве информираме дека Еко- свест во рамки на проектот „Заедно за чист воздух” успеа да обезбеди финансиски средства за поддршка на граѓанските иницијативи “Ние сме Карпош 4” и “Скопје Смог Аларм”.

Граѓанската иницијатива “Ние сме Карпош 4” ќе добие поддршка за организирање повеќе едукативни настани за садење садници на дрвја, денови без возила, презентација на физибилити студија и други активности кои промовираат зачувување и надградување на зеленилото во главниот град.

Еко- свест ќе ги подржи и активностите на неформалната граѓанска иницијатива “Скопје Смог Аларм” кои во предновогодишнииот период ќе организираат едукативна детска претстава за тоа што значи да се дише чист воздух и паралелно со тоа да се живее со последиците од загадениот воздух.

Со поддршка на неформални граѓански иницијативи се надеваме дека пораката за сериозниот проблем со аерозагадувањето како и подигнување на свеста кај луѓето дека нивните секојдневни активности влијаат врз аерозагадувањето ќе допре до повеќе граѓани и ќе помогне во насока на создавање поголем притисок кон институциите за преземање активности за решавање на проблемот со аерозагадувањето.

Проектот е финансиран Амбасадата на САД во Македонија и имплементиран од страна на Еко- свест и партнерски организации.

Со почит,
Елена Николовска
Лице за односи со јавност
Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје
elena@ekosvest.com.mk
+389 70 205 431



Еко-свест