Адреса: Ул. Кирил и Методиј Бр.30/1-6, 1000 Скопје, Македонија; Телефон: +389 2 3217 247; Факс: +389 2 3217 246; Email: info@ekosvest.com.mk
Еко-свест вработува проектен координатор

Еко-свест вработува проектен координатор

Во рамки на проектот „Да зборуваме за климатските промени“ Еко-свест вработува проектен координатор. Заинтересираните кандидати можат да испратат своја биографија и писмо за мотивација најдоцна до 30.10.2019 на info@ekosvest.com.mk со назнака „Повик за проектен координатор“.

Задачите на проектниот координатор се:

  • Менаџирање на проектните активности на Еко-свест и партнерските организации, управување со проектот и евалуација на активностите
  • Известување до донаторот
  • Следење на работата на 10 грантисти во 2020 година
  • Управување со финансиите на проектот
  • Координација со другите проекти во организацијата
  • Правни и административни работи
  • Работа со коалиција на организации, надлежни институции, засегнати страни и меѓународни организации за потребите на проектот
  • Прибирање финансиски средства за организацијата
  • Останати активности во однос на потребите на Еко-свест

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Завршено високо образование
  • Минимум 5 години искуство со управување на Европски проекти
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишување и говорење)
  • Способни да работат во тим но и сами да превземаат иницијатива

Leave a Reply

Close Menu