Еко-свест со став за програмата на Владата

Еко-свест со став за програмата на Владата

Сакаме да го поздравиме поврзувањето на економијата со животната средина во новата програма за работа на Владата. Особено важно е што еден од приоритетите е борбата со климатските промени каде се надеваме забрзување и интензивирање на заложбите кон декарбонизација на сите сектори како и активностите за прилагодување кон новонастанатите климатски услови за ранливите сектори. Во сите овие чекори очекуваме транспарентност и зголемена вклученост на локалното население и сите засегнати страни.

Праведната транзиција нема да биде праведна ако не постои партнерски однос со граѓаните при носењето одлуки од значење за животната средина и климата.

Нагласуваме дека кога станува збор за управувањето со отпадот, единствен начин безбеден за климата е систем за селекција на отпад и силна кампања за намалување на отпадот во домаќинствата. Претворањето на отпадот во енергија предизвикува дополнително загадување и емисии кои се чекор назад на патот кон циркуларната економија.
Нè загрижува што и покрај предупредувањата дека природните ресурси мора да ги штитиме, во програмата сеуште се остава простор за експлоатација на минерални суровини наместо започнување на транзицијата кон затворање на коповите и премин кон алтернативни економски гранки. Истото важи и за водата како ресурс кој мора да има висок приоритет за заштита во услови на зачестени и продолжени сушни периоди, Затоа бараме од Владата да забрани изградба на мали хидроелектрани на целата територија на државата.

Затворање на сите ТЕЦ на јаглен и изградба на соларни термоелектрани како и олеснување на условите и зголемување на субвенциите за кровни фотоволтаици на домаќинствата е најмалку што Владата може да направи за да обезбеди ублажување на климатските промени.

Коментарите се образложени по сектори во текстот надолу.

Енергетика

РЕК Битола и користење на јаглен

  • Ревитализацијата и модернизацијата на сите три блока во РЕК Битола со редукција на прашина и десулфуризација се навистина долгоочекувани проекти, како што се и некои од активностите поврзани со отворање на нови рудници на јаглен. Меѓутоа, Енергетската стратегија, почитувајќи ги заложбите за декарбонизација на земјата, предвидува затворање на РЕК Битола во период од следните 8 години (зависно од сценариото). Следствено, се отвора прашањето зошто се прават планови кои се во конфликт со сите сценарија на Енергетската стратегија. Дополнително, не е јасно какви можности за употреба на различни типови на гориво се предвидуваат за РЕК Битола со ревитализацијата. Сметаме дека е подобро да се инвестира во праведна транзиција и преквалификација на вработените со можност за развој на Битола во културен центар во Македонија, отколку да се направат планираните инвестиции кои од една страна ќе ги заробат средствата кои инаку би се инвестирале во обновливи извори, а од друга страна ќе направат аргумент за пролонгирање на користењето на јаглен како енергенс што е спротивно на заложбите за декарбонизација на Европската Унија (ЕУ) и на нашата земја како кандидат за членство во ЕУ. Продолжувањето на користење на јаглен исто така ќе даде лоши резултати и во однос на јавното здравје и на квалитетот на воздух, затоа што и покрај мерките за намалување на прашината и другите емисии може да се очекува дека граничните вредности за емисии на Светската Здравствена Организација (СЗО) ќе бидат надминати.
  • Топлификацијата на Битола, Могила и Новаци исто така е еден од долгоочекуваните проекти, одложуван многу пати поради својата неисплатливост и неизводливост. Идејата за топлификационен систем за Битола е за поздрав, но не и ако ги направи корисниците зависни од работата на РЕК Битола. Во тој случај топлификациониот систем нема да биде ниту еколошки, ниту ефтин затоа што ќе има значителни екстерни здравствени трошоци. Дополнително, ваквиот проект ќе го оневозможи затворањето на РЕК Битола предвидено со Енергетската стратегија. Веројатно би било поприфатливо доколку тој топлификационен систем работи на гас и е предвиден само за Битола, иако и гасот е фосилно гориво и неговото користење нема никако да придонесе кон намалувањето на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина, туку дополнително ќе ги зголеми на среден и долг рок. Сепак, на краток рок, веројатно е дека ќе се намали аерозагадувањето, иако по цена на продолжена зависност од фосилно гориво од увоз.
  • Забележливо е отсуството на план за воведување забрана за користење јаглен за загревање во домаќинствата кој беше присутен во старата програма на Владата, што е загрижувачки бидејќи оваа забрана претставува важен елемент на борбата против загадувањето на воздухот.

Гас

  • Се предвидува пренасочување на некои од јавните институции кон греење на гас, иако инфраструктурата за истото сеуште не е подготвена. Програмата споменува брз развој на дистрибутивните мрежи за различните категории на потрошувачи, но не е јасно дали е реално во текот на само четири години, колку што трае оваа програма, да се очекува да се развијат тие мрежи, дури и кога би имало доволно средства за нивно спроведување. Дополнително, иако станува збор за проект во тек, сметаме дека косултација со јавноста во однос на секоја од поединечните делници, односно консултација во секој град каде треба да биде спроведен системот за дотур на гас претставува одлична пракса за учество на јавноста во донесувањето одлуки и планирањето, како и добар индикатор колку граѓаните се согласни (или имаат потреба) да користат гас. Сметаме дека подобро решение би било наместо насочување толку многу финансиски средства во фосилно гориво кое на среден и долг рок има еднаков придонес кон климатските промени како и јагленот, треба поголемиот дел од средствата предвидени за оваа ставка да се насочат кон нефосилни начини на загревање.
  • Гасот е исто така фосилно гориво и неговото користење не води кон исполнување на зацртаните цели за борба против климатските промени. Вложување огромни инвестиции во гас, во услови кога е јасно дека на среден рок и гасот ќе треба да се замени со чисти, одржливи и обновливи извори на енергија, како за производство на електрична така и за топлинска енергија, нема економска ни социјална оправданост.
  • Споменати се когенеративни уреди кај индивидуални домаќинства и изградба на нова когенеративна постројка во склоп на Енергетика, но не е прецизиран типот на гориво. Иако когенерацијата се чини ефикасна, најчесто користени горива за конегерација се фосилни горива или биомаса, кои нема да придонесат за намалување на загадувањето и на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина. Од овие причини, ова не е прифатливо решение за обезбедување чиста електрична и топлинска енергија.
  • Не смее да се занемари важноста на топлинската енергија во целокупниот процес на намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина. Оттука, и во овој сектор се потребни се мерки насочени кон искоренување на фосилните горива, вклучувајќи го и гасот, како и вложување во чисти и одржливи технологиии – како во системите на централно греење така и во индивидуалното греење. За поздравување е предвидената инвестиција во соларни термални колектори, но забележливо е отсуството на стимулација на кровните фотоволтаици за домаќинствата. Од друга страна, било какви владини мерки за стимулирање на користење на (стандардизирани) пелети и друг вид биомаса треба да бидат условени со силни механизми за одржливо пошумување.

Други видови на енергија, преносен систем и планирање

  • Стимулацијата на производство на електрична енергија од отпад е во колизија со другите стремежи за намалување на отпадот. Искуствата на земјите кои имаат спроведено вакви проекти (Холандија, Шведска) покажуваат дека добивката во смисол на енергија од ваквите постројки не ја оправдува инвестицијата и значително го нарушува циклусот на справување со отпадот. Доколку се планира ваков проект претходно треба да се направи целосно мапирање на отпадот за да може да се пресмета исплатливоста на ваков проект, истовремено земајќи ги предвид загубите од управување со истиот тој отпад на подобри начини (рециклирање, реупотреба), како и ефектот врз предвиденото намалување на отпадот од пакување кое е предвидено со оваа програма. Единствено место каде може да се размислува за рекуперација на енергијата од отпадот и тоа да биде одржливо е во пречистителните станици каде метанот може да се искористи за добивање на енергија со што станицата може да користи електрична енергија добиена од сопствено производство барем за дел од своите потреби.
  • Под ревитализација на постојните големи хидроелектрани не е јасно дали се планира и отстранување на седиментите во акумулациите.
  • Планот за целосна реконструкција на преносната електроенергетска мрежа е за поздрав, но со оглед на тоа што на проектот Битола-Елбасан се работи од 2012 година, не е јасно дали во периодот кој го покрива оваа програма ќе биде реално ваквиот план да се спроведе. Сепак, се согласуваме дека инвестиции во мрежата кои ќе го овозможат инсталирањето на фотоволтаични и ветерни електрани претставуваат приоритет.
  • Секое планирање на енергетски проекти мора да земе предвид евентуалната штета врз дивиот свет и животната средина. Затоа дури и во случајот со фотоволтаиците и ветерните електрани, ќе мора да се направат истражувања и енергетско планирање кое е безбедно за животната средина (односно нема да направи штета врз дивиот свет и живеалиштата). Тука треба да се испита можноста за поставување на ваквите енергетски инсталации врз веќе деградирано земјиште како стари рудници и ископи.
  • Недостасува воведување на ESCO компании преку кои ќе се стимулира енергетска ефикасност во секторот на колективно домување и на општинско ниво.

Зелена економија (циркуларна економија, зелени работни места, отпад)

  • Планот на Владата за развој на државата преку постојано инвестирање во зелена економија и креирање на “зелени” работни места, применувајќи го социјалниот, еколошкиот и економскиот напредок, е од особена важност за благосостојбата и правдата за сите граѓани, како и за постигнување на целите за одржлив развој на Обединетите нации и целите на Европската унија.
  • Го поздравуваме инвестирањето во инсталација на сончеви панели за производство на електрична енергија за користење во наводнување на земјоделските површини, како и заложбите за иновативни инвестиции во справувањето со климатските промени, поттикнувањето на договорното производство и поттикнувањето на потрошувачката на свежо овошје и зеленчук од домашно производство и воспоставувањето систем на собирање на нус-производи од животинско потекло, поврзан со мерките во енергетиката и екологијата (модел на циркуларна економија) и поттикнување за донирање на вишокот храна. Сепак, забележливо е дека и покрај движењата во позитивна насока, на пример забрана за користење на пластични кеси, не е предвидена забрана за користење на друга пластична амбалажа (напр. пластични шишиња), ниту е предвидено со што ќе се заменат пластичните кеси.
  • При креирањето на зелените работни места, потребно е да се земат во предвид повеќе фактори, како што се: обезбедување добри работни услови, создавање здрави работни односи, социјален дијалог, еднакви можности за вработување, обезбедување праведен надоместок/личен доход, обезбедување социјална и здравствена заштита, учество и одлучување во однос на нивоата на компетенција и сл.
  • Ново “зелено” лидерство во приватниот и јавниот сектор, воведување еколошки ознаки на производите кои би помогнале во донесувањето одлуки при купување, но и за создавање на “зелено” потрошувачко општество се исто така дел од решенијата за поттикнување на зелената економија.
  • Преку мерење на општествените и еколошките ефекти во економијата би се создала појасна слика за вистинската вредност на БДП, бидејќи порастот на БДП не треба да биде резултат на економски активности кои штетно дејствуваат врз луѓето и животната средина.

Одржлив развој и експлоатација на ресурси

Во законот за минерални суровини (нацрт верзија била подготвена но не стигнала до Собрание пред неговото распуштање во јануари 2020), освен враќање на ископите во првобитна состојба треба да се воведат и мерки за тековните наоѓалишта и ископи кои подразбираат високи стандарди и заштита од лизгање на земјиштето, ерозија и превенција на загадување. Ова мора да се направи и во согласност со просторниот план, односно да се предвидат зони каде не е дозволен ископ или интервенција за екстракција на суровина. Враќањето во првобитна состојба мора да биде обврзно како за новите, така и за старите ископи/наоѓалишта.

Земјоделство и рурален развој

Во услови кога последиците од климатските промени се очекува да зачестат и да зголемат во интензитет, обезбедување на производство на храна во овие новонастанати услови треба да биде висок приоритет на државата. Во програмата недостасуваат средства за истражување и иновативни технологии како и план за прилагодување на секторот земјоделие кон климатските промени. Субвенционирањето на одредени култури и сектори повеќе отпорни на климатски промени треба се искористи за насочување на производството на храна кон нискојаглеродни гранки и култури отпорни на продолжени периоди на суша.

Климатски промени

  • Сеуште недостасува интерсекторскиот пристап во заложбите за ублажување и прилагодување кон климатските промени. Во сите институции мора да има стручни лица кои ќе се занимаваат со имплементација на регулативата и плановите од значење за климатските промени.
  • Иновациите и истражувањата се најпотребни кога станува збор за имплементирање на амбициозните климатски политики, во спротивно тие стануваат неспроведливи во пракса.
  • Приоритет треба да биде Национална стратегија за прилагодување кон климатските промени и истата да се преслика во сите ранливи сектори.
  • Потребен е план за праведна транзиција на регионите со јаглен кој ќе произлезе од консултации со локално население. На национално ниво овој план треба да ги вклучи и секторите ранливи на клима во земјата.
  • Земјата мора да работи на современ систем за мерење, известување и верификација на податоците потребни за справување со климатските промени како би располагале со најнови информации на време

Заштита на водните ресурси и природа

  • Освен забрана за изградба на мали хидроелектрани во заштитени подрачја и национални паркови, треба да се воведе и забрана за поголеми инфраструктурни објекти и зафати во зони кои ќе бидат предвидени за заштита- спогласно сите степени за заштита кои постојат (IPA, IBA, PBA, Natura2000, IUCN категории, национално законодавство, Емералд мрежа), како и подрачја кои согласно просторниот план ќе бидат оценети како подрачја од особена важност (за заштита на вода за пиење на пример).
  • Недостасува воведување нова регулатива за еколошки проток на реки која ќе ја замени постојната регулатува за биолошки минимум.
  • Недостасува нов Закон за НП Маврово.
  • Недостасува формирање на Завод за природа кој ќе биде одговорен за мониторинг на дивиот свет.
  • Недостасува формирање Фонд за животна средина кој беше присутен во претходната програма.

Економија

Поддршката за бизнис секторот мора да е условена од мерки за енергетска ефикасност, дигитализација и заштита на животна средина со прилагодување и намалување на климатските промени. Само на овој начин ќе се создаде бизнис сектор кој е вистински отпорен на предизвиците од пандемијата (и идните предизвици од климатските промени).

Здравство

Во програмата нема акцент на евидентирање, систематизација и статистика на здравствени проблеми кај населението- воспоставување на систем на евиденција по општина и достапност на овие податоци за истражувачки цели и за превенција на болести. Примарна цел е следење на корелацијата помеѓу загадувањето и здравствената заштита на населението.

Социјална заштита

Енергетската сиромаштија не е застапена како тема во програмата, односно не се планира донесување дефиниција, програма и план за намалување на енергетската сиромаштија во земјата, особено за ранливите категории (стари лица, деца, жени, хронично болни).

Образование

Не е спомнато еколошко образование, како елементарна потреба во време кога еколошката свесност е на многу ниско ниво и придонесува кон уништување на вредните ресурси од кои зависиме. Без заштита на истите преку делување од најмлада возраст нема да може да се потпреме на истите во делот на развојот на економијата и обезбедување здраво население.

Култура

Охрид како Унеско подрачје не е споменато како приоритет за зачувување и решавање на проблемите со дивоградбите и загадувањето на екосистемот.

Улогата на жените во планирање на градовите

Улогата на жените во планирање на градовите

Климатските промени се проблем чии последици веќе ги чуствуваме во нашата земја и кои бараат поинаков пристап и меѓусекторска соработка. Градовите каде живее и работи поголем дел од населението имаат единствена можност да ги ублажат климатските промени преку планирање на градот кое ги зема во предвид потребите на сите и во исто време внимава на прилагодување на урбаната средина кон новите климатски услови. Улогата на жената во урбаното планирање е особено важна, поради тоа што жените имаат грижлива природа и повеќе од една улога во домот и надвор од него. Планирање на град од жени и град за жени многу често значи град кој одговара на потребите на сите и одржлив град кој се движи кон нискојаглероден развој.

Како жени со долгогодишно искуство во секторот животна средина и клима, женската половина на Еко-свест има повеќе ставови на темата.

CEE Bankwach мрежата каде и Еко-свест е членка изработи инфографикони кои нудат објаснување на темата. Сите може да се најдат преведени на македонски јазик на линковите подолу.

https://ekosvest.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/Infographic-1-Sustainability-Infrastructure-MACEDONIAN-WEB-20Aug20.pdf

https://ekosvest.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/Infographic-2-Sustainable-Cities-MACEDONIAN-WEB-20Aug20.pdf

https://ekosvest.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/Infographic-3-Gender-inclusive-Cities-MACEDONIAN-WEB-20Aug0.pdf

Популациите на дивите видови намалени за две третини од 1970 година

Популациите на дивите видови намалени за две третини од 1970 година

• Причините вклучуваат уништување на животната средина, како што се уништување на шумите, неодржливо земјоделство и нелегална трговија со диви животни, придонесувајќи за појава на вируси како што е КОВИД-19

• Биодиверзитетот на слатководната вода исчезнува многу побрзо отколку во океаните или шумите – 84% е просечната стапка на опаѓање на популациите на слатководните видови од 1970 година

• WWF повикува на итни мерки за унапредување на трендот до 2030 година со запирање на уништувањето на природните живеалишта и реформа на нашиот систем на храна

СКОПЈЕ – Светската популација* на цицачи, птици, водоземци, влекачи и риби е намалена во просек за две третини за помалку од половина век, открива Светскиот извештај за зачувување на природата 2020 објавен денес од WWF. Ова во голема мера е резултат на уништување на животната средина што придонесува кон појава на зоонотски болести како што е пандемијата КОВИД-19.


Извештајот за состојбата со планетата е сеопфатна студија за состојбата на нашата природа преку индексот на живата планета (Living Planet Index- LPI), кој ја следи состојбата на популациите на диви видови. LPI, обезбеден од Лондонското зоолошко друштво, покажува дека истите фактори, за кои се верува дека ја зголемуваат можноста за појава на пандемија, стојат зад намалувањето на 68% од популацијата на ‘рбетници помеѓу 1970 и 2016 година. Иако овие двигатели вклучуваат пренамена на земјиште и трговија со диви животни, главната причина за драматичното опаѓање на популациите е загубата и деградацијата на живеалиштата, вклучително и уништувањето на шумите, што се должи на моделот на производство на храна.


„Извештајот „Состојба на планетата 2020“ посочува дека забрзаното уништување на природата, како резултат на човечките активности, има катастрофални влијанија не само врз популациите на дивиот свет, туку и врз здравјето на луѓето и сите други аспекти од нашите животи“, истакнува Марко Ламбертини, извршен директор на WWF International.

„Не можеме да ги игнорираме доказите пред нас затоа што сериозниот пад на популациите на дивиот свет е знак за предупредување што укажува на дефект на системот.“

Најзагрозен биодиверзитетот на слатководни екосистеми

Слатководниот биодиверзитет исчезнува побрзо отколку во кој било друг екосистем. Од 1900 година, повеќе од 70% од светските мочуришта исчезнале, а од 1970 година, популациите на слатководни видови се намалиле за 84%, повеќе од оние што живеат во шуми или океани. Реките во светот се пренатрупани со постоечка и планирана инфраструктура, потрошувачката на вода од година во година расте, риболовните подрачја на слатководни вода се прекумерно искористени, а животот на милиони луѓе станува сè понесигурен. Слично е и во нашиот регион.


„Нашата земја изобилува со неверојатна природа, прекрасни реки и богат биодиверзитет. Но, ние за жал не знаеме и не успеваме да ги зачуваме овие вредни богатства. Постојано сме сведоци на катастрофално испуштање на штетни материи во водните текови, без изрекување соодветни казни за сторителите. Исто така, и понатаму продолжува изградбата на малите хидроелектрани на нашите реки, кои не само што ја уништуваат природата, туку и го оставаат локалното население без вода за пиење. Прогласувањето на Шар Планина за национален парк е во заложништво на бизнисот за произвоство на електрична енергија субвенциониран од државата. Ваквата пракса на премолчено поттикнување на неодржлив развој мора да престане ако сакаме да го зачуваме нашиот највреден ресурс- водата“,
истакна Ана Чоловиќ Лешоска, координатор за политики во WWF Adria и извршна директорка во Еко-свест.

Со заштита на биодиверзитетот на слатководната вода, ние придонесуваме на различни начини за подобрување на здравјето на луѓето, од намалување на можноста за нови болести до зголемување на достапноста на водата и храната. Сегашната состојба укажува на тоа дека ние мора да дејствуваме веднаш. Со цел да се запре губењето на биодиверзитетот на слатководните води, треба да се спроведе амбициозен план за интервенција. Тоа вклучува овозможување на природниот тек на реките, намалување на загадувањето, заштита на мочуриштата, запирање на прекумерниот риболов и неодржливото таложење на седиментите, контролирање на инвазивни видови и заштита и
обновување на врските што ги имаат живеалиштата на слатководните води со околните екосистеми.

Производството и потрошувачката на храна се клучни двигатели на загубата на
биодиверзитетот


Сличен план е неопходен за целиот биодиверзитет во светот. Стабилизирање и запирање на загубата на природата ќе биде можно само ако работиме храбро и амбициозно за зачувување на природата и ако го смениме начинот на производство и консумирање храна.

Потребните промени вклучуваат поефикасно и еколошки одржливо производство и трговија со храна, намалување на отпадот и избор на поздрав и еколошки начин на исхрана.


Падот на глобалниот биодиверзитет придонесува за зголемување на глобалните нееднаквости, продлабочување на поделбите помеѓу глобалниот север и југ. Исто така, ја зголемува ранливоста на малите заедници кои ќе бидат најмногу погодени од губење на природата. Затоа, сите планови за запирање на загубата на природата треба да вклучуваат решавање на основните социјални и економски проблеми кои само се продлабочуваат со губење на биодиверзитетот.


Ние мора да се фокусираме на фер и одржлива економија и производство на храна, фер плати, намалување на отпадот, еднаков пристап до природните ресурси и интегриран пристап кон обновување и зачувување на природата. Заедничката имплементација на овие мерки ќе ни овозможи побрзо да ги ублажиме притисоците врз живеалиштата на дивиот свет. И обратно, ако продолжиме како досега, стапката на загуба на биодиверзитетот ќе продолжи да расте.


Светските лидери мора да дејствуваат веднаш


Извештајот за состојбата на планетата во 2020 година беше објавен само неколку дена пред 75-та седница на Генералното собрание на Обединетите нации (UNGA), кога се очекува светските лидери да го разгледаат постигнатиот напредок во остварувањето на целите за одржлив развој, Парискиот договор и Конвенцијата за биолошка разновидност.
UNGA 2020 ќе ги обедини светските лидери, корпорациите и граѓанското општество да развијат рамка за акција по 2020 година, означувајќи пресвртница во поставувањето на темелите за итно потребниот нов договор за природата и луѓето.

Ламбертини заклучува: „Ако сакаме да се надеваме дека обновата на природата ќе им даде на денешните и идните генерации еднаква шанса, светските лидери мораат, покрај зачувувањето на природата, да го направат нашиот систем за производство на храна поодржлив на начин што вклучува запирање на уништувањето на шумите. Со оглед на претстојното Генерално собрание на ООН, новиот извештај на WWF може да помогне да се обезбеди потребниот нов договор за природата и луѓето како основа за долгорочно преживување на дивиот свет, растенијата и инсектите и целата природа, вклучувајќи го и човештвото “.


КРАЈ

Белешка за уредници:

  • Извештајот за состојбата на планетата 2020 и неговото резиме, слики и видеа може да се преземе тука. На овој линк, исто така, ќе најдете подетални извештаи за слатководните води Freshwater LPI findings, извештај за ефектите од климатските промени врз видовите Biodiversity In A Warming World, како и бројни фотографии и видеа.
  • *Користени податоци од 4.392 видови и 20.811 популации, Глобалниот индекс на живата планета за 2020 година покажува просечен пад од 68 проценти кај набљудуваните популации. Промената на процентот во индексот ја одразува просечната пропорционална промена во големината на животинската популација следена над 46 години, а не бројот на изгубени индивидуални животни.
  • Извештај за состојбата на планетата 2020 Тринаесетто издание на водечкото двогодишно издание на WWF
  • Посетете ја страницата на WWF Adria https://livingplanet.panda.org

За повеќе информации
Ана Чоловиќ Лешоска, acolovic@wwfadria.org, 072 726 104

За WWF:


WWF е една од најголемите, глобално признати, независни организации вклучени во заштитата на природата и има активна глобална мрежа во повеќе од 100 земји. Мисијата на WWF е да се запре уништувањето на животната средина и да се создаде иднина во која луѓето живеат во склад со природата со зачувување на биодиверзитетот во светот, одржливо користење на природните ресурси и намалување на загадувањето и прекумерната потрошувачка. Повеќе информации на: www.wwfadria.org


За Лондонското зоолошко друштво- Zoological Society of London


Зоолошкото друштво од Лондон е меѓународно научно здружение чија главна улога е да ги заштитува животните и нивните живеалишта. Од истражување на закани по здравјето на животните до помагање на луѓето и животинскиот свет да живеат во хармонија, ЛЗД е посветено на враќање на дивиот свет од работ на истребување. Водечката зоолошка градина во Лондон и зоолошката градина Whipesnade спроведуваат научни истражувања на Институтот за зоологија и активно учествуваат во заштитата на животната средина во повеќе од 50 земји во светот. www.zsl.org

Повик за спроведување на фокус група

Повик за спроведување на фокус група

Во рамки на проектот „Застапување за  намалување на емисиите преку поттикнување притисок од јавноста на локално ниво”, спроведуван од Еко-свест, објавуваме повик за спроведување на фокус група и генерирање на заклучоци од спроведената фокус група.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на оваа активност е поттикнување на компаниите од секторот за информациски технологии (ИТ), особено оние кои имаат седишта или делуваат во околината на Битола, да дискутираат за иновативни и ниско-буџетни пристапи кон мониторингот на квалитетот на воздухот со цел да се соберат што е можно повеќе податоци и да се поттикне граѓанскиот активизам на полето на намалувањето на загадувањето на воздухот. Меѓу другото, дискусијата треба да опфати и можности за развој на ниско-буџетни мониторинг станици кои граѓаните би ги употребувале во своите домови со цел да се прошири концептот на т.н. „граѓанска наука“ и да се придонесе кон подигнувањето на свесноста за загаденоста на воздухот. На компаниите ќе биде потребно и да им се посочат можностите за финансирање на ваквиот тип на активности, со осврт на Фондот за иновации, партнерства со граѓански организации и евентуални други можности. Со добиените резултати од спроведената фокус група ќе се овозможи понатамошен дијалог помеѓу бизнис секторот, граѓанските организации, донаторската заедница, институциите и другите чинители на оваа тема.

ЗАДАЧИ

Овој повик е отворен и за физички и за правни лица.

Избраното лице/ компанија/ организација (понатаму: Консултант) треба:

•            Да соработува и да ги следи насоките за спроведување на фокус групата од лицето назначено за комуникација од Еко-свест

•            Да ги спроведе сите подготвителни активности пред организирање на фокус групата, да ги исконтактира релевантните компании  и други засегнати страни кои имаат активности на темите кои ќе се разгледуваат со цел нивно учество во фокус групата.

•            Да изготви листа на учесници за фокус групата и истите да ги покани, да ги изготви и прибере материјалите кои ќе се разгледуваат на фокус групата и истите навремено да ги достави до селектираните лица за учество во фокус групата, да подготви агенда или клучни точки за разгледување за фокус групата.

•            Да организира и фасилитира една онлајн фокус група на тема: Можностите за придонес на ИТ секторот во мониторингот на квалитетот на воздухот, со акцент на нискобуџетни решенија наменети за граѓани.

•            Да  изготви сумарна анализа на дискусијата и презентирање на резултатите од фокус групата, да се подготват предлог идеи и препораки за делување и унапредување. Исто така може да се произведат прашалници или графикони кои произлегуваат од резултатите или препораките.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Периодот за реализација на оваа активност е од ангажирањето на Консултантот до 30 септември 2020 година. Во текот на овој период ќе се потпише договор и ќе се спроведат сите активности.

Вредноста на договорот не може да надмине  61000,00 денари (1000 евра во денарска противвредност) со вклучен ДДВ износ (за правни  лица) или со вклучен данок (за физички лица).

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, заинтересираните компании треба да достават:

1.       Краток опис на компанијата и портфолио со претходно искуство (за правни лица) или биографија (за физички лица);

2.       Тековна состојба, не постара од 6 месеци (потребно само за правни лица);

3.       Финансиска понуда согласно Анекс 1 (потребно за сите апликанти).

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

Консултантот кој аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:

За физички лица:

  1. Во изминатите 3 години активно работел/а со граѓански организации и/или други недржавни актери
  2. Учество во најмалку 3 (претходно) изработени истражувања на репрезентативен примерок  или фокус групи

За правни лица:

  1. Активна компанија, здружение или фондација формирано/а согласно Законите во Северна Македонија, и постои најмалку 3 години.
  2. Најмалку 3 (претходно) изработени истражувања на репрезентативен примерок.

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија го задржува правото да го извести само оној понудувач чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

– Претходно искуство во спроведување на слични активности 80 бодови

– Понудена цена за активноста 20 бодови

Вкупно 100 бодови.

Договор ќе биде склучен со оној Консултант која освоила најголем број бодови во сооднос  квалитет на понуда и цена.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Комплетната понуда апликантите треба да ја испратат на еmail: nevena@ekosvest.com.mk најдоцна до 11 септември 2020 г. 16:00 часот, со назнака Апликација за спроведување на фокус група.

Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.

 Анекс 1

Финансиска понуда

 СтавкаЦена со ДДВ
1Спроведување на сите подготвителни активности пред организирање на фокус групата (вклучително контактирање на релевантните компании  и други засегнати страни кои имаат активности на темите кои ќе се разгледуваат со цел нивно учество во фокус групата, селекција и покана на учесници, прибирање и изготвување на материјали и агенда за фокус групата) 
2Организирање и фасилитирање онлајн фокус група 
3Изготвување  на сумарна анализа на дискусијата во писмена форма и презентирање на резултатите од фокус групата, идеи и предлози за делување и унапредување,  прашалници и графикони итн. 
ВКУПНО 
Повик за фокус група.pdf
Популациите на дивите видови намалени за две третини од 1970 година

Повик за спроведување на фокус група

Во рамки на проектот ,,Заштитени подрачја за луѓето и природата II”, спроведуван од Еко-свест во партнерство со WWF Adria, објавуваме повик за спроведување на фокус група и генерирање на заклучоци од спроведената фокус група.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на оваа активност е фрадење на заеднички патоказ за донесување на правната рамка која ќе придонесе кон заштита и унапредување на природните вредности во земјата. Со добиените резултати од спроведената фокус група ќе се овозможи понатамошен дијалог помеѓу институциите, граѓанските организации и другите чинители на оваа тема.

ЗАДАЧИ

Избраната компанија/ организација треба:

•            Да соработува и да ги следи насоките за спроведување на фокус групата од лицето назначено за комуникација од Еко-свест

•            Да ги спроведе сите подготвителни активности пред организирање на фокус групата, да направи анкети, да ги исконтактира релевантните институции, организаци, компании  и други засегнати страни кои имаат активности на темите кои ќе се разгледуваат со цел нивно учество во фокус групата.

•            Да изготви листа на учесници  за фокус групата и истите да ги покани, да ги изготви и прибере материјалите кои ќе се разгледуваат на фокус групата и истите навремено да ги достави до селектираните лица за учество во фокус групата, да подготви агенда или клучни точки за разгледување за фокус групата.

•            Да организира и фасилитира една онлајн фокус група на тема: Креирање на заеднички патоказ за правна рамка за заштита на природата.

•            Да  изготви сумарна анализа на дискусијата и презентирање на резултатите од фокус групата, да се подготват предлог идеи и препораки за делување и унапредување. Исто така може да произведат прашалници или графикони кои произлегуваат од резултатите или препораките.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Периодот за реализација на оваа активност изнесува најмногу 1 (еден) месеци од датумот на потпишување на договорот.

Вредноста на договорот не може да надмине  55 350,00 денари (900 евра во денарска противвредност) со вклучен ДДВ износ.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, заинтересираните компании треба да достават:

1.       Краток опис на компанијата и портфолио со претходно искуство;

2.       Тековна состојба, не постара од 6 месеци;

3.       Финансиска понуда (Анекс 1).

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

 

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

Компанијата/ Организацијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:

1. Активна компанија, здружение или фондација формирано/а согласно Законите во Северна Македонија, и постои најмалку 3 години.

2. Најмалку 3 (претходно) изработени истражувања на репрезентативен примерок.

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија го задржува правотоо да го извести само оној понудувач чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

– Претходно искуство во спроведување на слични активности 80 бодови

– Понудена цена за активноста 20 бодови

Вкупно 100 бодови.

Договор ќе биде склучен со онаа компанија/организација која освоила најголем број бодови во сооднос  квалитет на понуда и цена.

 

 

ПРИЈАВУВАЊЕ

Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: acolovic@wwfadria.org најдоцна до 9 септември 2020 г. 16:00 часот, со назнака Апликација за спроведување на фокус група.

Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.

Анекс 1

Финансиска понуда

 

Ставка

Цена со ДДВ

1

Спроведување на подготвителни активности пред организирање на фокус група (вклучително анкети, селекција и покана на учесници, прибирање и изготвување на материјали и агенда за фокус групата)

2

Организирање и фасилитирање онлајн фокус група

3

Изготвување  на сумарна анализа на дискусијата и презентирање на резултатите од фокус групата, идеи и предлози за делување и унапредување,  прашалници и графикони итн.

ВКУПНО

 

Регионалниот проект „Заштитени подрачја за природата и луѓето II“  е реализиран од WWF Adria со поддршка од Шведската Агенција за Меѓународна Развојна Соработка (SIDA).

Реобјава* на Повик за ангажирање на Консултант за изработка на 5 годишна Стратегија и план за работа на Коалицијата за клима

Реобјава* на Повик за ангажирање на Консултант за изработка на 5 годишна Стратегија и план за работа на Коалицијата за клима


Вовед
Преку финансиска поддршка од Европската Комисија, Делегацијата на Европската Унија во Република С. Македонија – Програмата за граѓанско општество и медиуми 2016 – 2017 – Поддршка за граѓански организации под Акцијата за граѓанско општество 2016 – 2017, Еко-свест во партнерство со ЦНВП Македонија и ДЕМ го спроведуваат проектот “Да зборуваме за климатските промени” во чии рамки е потребно ангажирање на консултанти.

Краток опис
Во моментов тематската целина за климатски промени не е соодветно правно регулирана, дискутирана и воопшто интегрирана во процесите на планирање на национално и локално ниво. Поради ниското ниво на општото познавање на јавноста за климатските промени како и недоволно организирани активности на темата кои најчесто се на индивидуално ниво, се појави потреба за организиран и систематизиран пристап на темата, преку обединување на граѓанските организации и индивидуалните експерти во широка „Коалиција за клима”, која би се фокусирала на сеопфатно разгледување на темата „Климатски промени”.
За таа цел од страна на проектот „Да зборуваме за климатските промени“ на 3 и 4 јуни 2019 година во Хотел Метропол Охрид беше организирана Конститутивна средба на Мрежата за климатски промени (понатаму Коалиција за клима) на која присуствуваа 80 учесници претставници од повеќе од 50 граѓански организации. На средбата беа изготвени заклучоци за основните принципи и вредности на коалицијата, организација и структура и начин на комуникација на коалицијата.
Во 2020 година проектот ангажираше Експерт за проценка на капацитетите и правна помош кој заклучоците ги преточи во Правни акти на коалицијата со чие потпишување и официјално се формираше коалицијата за клима. Мисијата на Коалицијата е локална синхронизирана акција и силно општествено влијание и трансформација преку градење климатска култура која ќе се остварува преку грижа и почит кон локалните природни вредности, солидарност кон други иницијативи (локални и глобални), климатска акција и одговорност кон планетата. Визија на Коалицијата е обезбедување на квалитетен животен стандард на луѓето во благосостојба со животната средина, систем базиран на стандарди и безбеден за климата (Нискојаглеродна трансформација) и подигнување на климатската култура што ќе ја издигне Македонија како пример за регионот.
Со цел поставување на здрави темели на функционирањето на Коалицијата за клима се јавува потребата за соодветно стратешко планирање на активностите и делувањето на коалицијата на среден и долг рок. Во тој правец, пред одржување на првичната средба на членките на Коалицијата за клима потребно е да се изработат стратешки документи на Коалицијата за клима. Со овој повик се очекува ангажирање на лице кое ќе ги изработи и презентира, првата 5 годишна Стратегија и план за работа на Коалицијата за клима.
Дел од целите кои се очекува да бидат испланирани од стратегијата и планот за работа се следниве:

  • Подигнување на свеста и разбирањето на општата јавност со цел граѓаните да почнат да делуваат во решавање на проблемите;
  • Иницирање на дискусии на локално и централно ниво за главните приоритети во секторот Клима, за активностите во таа области да бидат добро смислени и соодветно таргетирани;
  • Застапување за интегрирање на климатските промени како меѓу-секторска тема во сите секторски планови и програми, со цел климатските аспекти да бидат разгледувани како синхронизирана и хармонизирана тема.

Цел
Целта на повикот е да се изработи 5-годишна Стратегија за работа и план за работа на Коалицијата за клима. Истите да бидат презентирани на тркалезна маса и усогласени со работата/ забелешките од кор-групата на Коалицијата за клима.
Специфичните цели на повикот се:

  • Поддршка на проектот „Да зборуваме за климатските промени” и Коалицијата за клима при стратешко планирање на целите, активностите и резултатите кои Коалицијата за клима сака да ги постигне на среден и долг рок.
  • Поддршка на проектот „Да зборуваме за климатските промени” и Коалицијата за клима при избор на приоритети и области на делување на Коалицијата за клима на краток, среден и долг рок.

Задачи
Задачите на консултантот ќе бидат:

  • Организирање и спроведување на консултативни состаноци со одговорните лица од проектот „Да зборуваме за климатските промени” како и членовите на кор-групата на Коалицијата за клима.
  • Изработка на кратка анализа на визијата, мисијата, целите и активностите кои се предвидени во правните документи на Коалицијата за клима, со цел избор на приоритети и активности кои ќе бидат вклучени во 5 годишната стратегија и планот за работа на Коалицијата за клима.
  • Изработка на нацрт 5 годишна Стратегија и нацрт План за работа на Коалицијата за клима и нивно доставување до одговорните лица од проектот „Да зборуваме за климатските промени”.
  • По првично одобрување на нацрт документите од одговорните лица од проектот „Да зборуваме за климатските промени”, да изработи агенда, да организира и фасилитира тркалезна маса на која ќе ги презентира нацрт документите до кор-групата и регионалните координатори на Коалицијата за клима.
  • Финализирање на 5 годишната стратегија и планот за работа на Коалицијата за клима согласно коментарите од одговорните лица од проектот „Да зборуваме за климатските промени”, кор-групата и регионалните координатори на Коалицијата за клима.
  • Подготовка на краток извештај за спроведените активности.

Резултати:
Консултантот треба да ги испорача следните резултати:

  • 5 годишна Стратегија и План за работа на Коалицијата за клима;
  • Краток извештај за спроведените активности.

Временска рамка и вредност на договорот
Активностите треба да се спроведат почнувајќи од 10 септември 2020 и да се завршат најдоцна до 5 октомври 2020 година. Вредноста на чинење на услугата не смее да надмине бруто износ од 71.888.00 денари.

Минимално образование и вештини на апликантите

  • Завршено високо образование VII/1 или еквивалент. Магистерски студии се сметаат за предност;
  • Работно искуство во или со граѓански организации;
  • Искуство во стратешко планирање за формални и неформални организации. Предност ќе имаат кандидати со искуство во стратешко планирање на граѓански организации или организации и групи за делување формирани од невладини или граѓански организации.
  • Искуство во изработка на стратешки анализи со фокус на визијата, вредностите, организациските цели, активностите и областите на делување на организации, а со цел нивно приоритетизирање и избор на насока на делување на организацијата.

Евалуација на кандидатите
Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
Биографија и претходно искуство 80 бодови
Понудена цена за ангажманот 20 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидатот кој ќе освои најголем број бодови.

Каде да се пријавите?
Заинтересираните кандидати треба да испратат своја биографија и понуда со образложение на бројот на денови за спроведување на активностите и вредност на ангажманот, најдоцна до 4 септември 2020 година. Пријавувањето треба да се направи на е-маил angel@ekosvest.com.mk, а во насловот на пораката треба да се назначи „Пријава за лице за стратешко планирање“. Избраниот кандидат ќе биде известен најдоцна до 10 септември 2020 година по електронски пат. Проектот го задржува правото да не ги извести кандидатите кои нема да бидат избрани.

Владата да ги заштити водените ресурси во земјата

Владата да ги заштити водените ресурси во земјата

Еко-свест најстрого ги осудува последните случувања со катастрофалното уништување на реките во државава за изградба на мали хидроелектрани. Последен ваков случај за кој реагираа и многу жители на Скопје е уништување на горниот тек на Маркова река заради изградба на мала хидроелектрана.

„Во услови кога последиците од климатските промени зачестуваат и се зголемуваат во интензитет, ние како земја во развој која нема финансиски средства да се справи со овие последици едноставно не можеме да си дозволиме да останеме без водените ресурси од кои зависиме за вода за пиење, вода за земјоделието и вода за одржување на скапоцени екосистеми.“ – вели Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест

Последниот извештај на Обединетите нации за влијанието на климатските промени врз водените ресурси од март 2020г укажува на проблем со се позачестени и продолжени сушни периоди кои веќе предизвикуваат сериозен недостиг на вода во многу делови од светот. Според овој извештај дури 2.2 билиони луѓе во светот денес немаат пристап до вода за пиење, а се очекува овој број забрзано да расте до 2050 година. ООН предупредува и дека продолжените сушни периоди ќе предизвикаат зголемување на болести, недостиг на храна и раселување на населението. Токму затоа се препорачува државите да ги приоретизираат водените ресурси во планирањето на сите политики.

Според проценките за климатски екстреми во нашата земја направени за потребите на третиот извештај за климатски промени кој треба да го поднесеме до Рамковната конвенција за климатски промени, во периодот помеѓу 2016- 2035г. температурите во земјава ќе растат за 1°C, а летните денови ќе се зголемуваат за 20- 30 дена. Ова значи дека ќе имаме потопла и посува клима со зголемен ризик од продолжени сушни периоди.

Оваа летна сезона сведочиме и на драстично повлекување на Преспанското езеро, како и пресушување на многу од реките во земјата, а земјоделците се соочени со потешкотии поради периоди на продолжена суша во услови на зреење на плодовите кога водата е најпотребна за да се добие производ со добар пласман.

Дополнително, изградбата на овие проекти во недопрени и природни предели со повеќе од познатата лоша градежна пракса, ја уништуваат геоморфологијата на реките, биодиверзитетот, природните вредности и екосистемските услуги кои овие предели ги овозможуваат за луѓето (чист воздух, чиста вода за пиење). Во нeдостиг од инспекциска контрола и надзор, овие зафати стануваат чести мини еколошки катастрофи низ земјата.

Сметаме дека во вакви услови очигледно е дека изградба на мали хидроелектрани е неразумно и неоправдано бидејќи во блиска иднина ние ќе се соочиме со хидроелектрани на суви речни корита. Владата мора да ја стави заштитата на водените ресурси и здравјето на граѓаните како висок приоритет во мерките за прилагодување на климатските промени и да ги запире сите градежни активности на издадените концесии за мали хидроелектрани во земјава кои би требало да се повлечат и да се направат нови проценки за нивниот потенцијал за електрична енергија согласно најновите податоци и најновите климатски услови.

Реобјава* на Повик за ангажирање на Консултант за изработка на 5 годишна Стратегија и план за работа на Коалицијата за клима

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ФОКУС ГРУПИ

Во рамки на проектот ,,Да зборуваме за климатските промени”, спроведуван од Еко-свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ, финансиран од Европската Унија објавуваме повик за спроведување на фокус групи и генерирање на заклучоци од спроведените фокус групи.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на оваа активност е подигнување на свеста за можностите и улогата која ја има праведната транзиција на Кичевскиот регион, како еден од двата региони со јаглен во земјата, во намалување на емисиите на стакленички гасови и ублажување на климатските промени.

ЗАДАЧИ
Избраната компанија треба:
• Да соработува и да ги следи насоките за спроведување на фокус групите од лицето назначено за комуникација од Еко-свест, ЦНВП и ДЕМ
• Да ги спроведе сите подготвителни активности пред организирање на фокус групите, да направи анкети, да ги исконтактира релевантните институции, организаци, компании и други засегнати страни кои имаат активности на темите кои ќе се разгледуваат со цел нивно учество во фокус групите.
• Да изготви листа на учесници на фокус групите и истите да ги покани, да ги изготви и прибере материјалите кои ќе се разгледуваат на фокус групите и истите навремено да ги достави до селектираните лица за учество во фокус групите, да подготви агенда или клучни точки за разгледување за секоја фокус група.
• Да организира и фасилитира најмалку 3 онлајн фокус групи на теми: Коментари и забелешки на новиот нацрт закон за употреба на јаглен; Резултати од проектот “Да зборуваме за климатски промени” по плански региони; Начин за комуницирање на климатските промени. Предност ќе имаат компаниите/ организациите кои ќе понудат да спроведат повеќе од 3 фокус групи.
• Да изготви сумарна анализа на дискусијата и презентирање на резултатите од фокус групите, да се подготват предлог идеи и препораки за делување и унапредување. Исто така може да произведат прашалници или графикони кои произлегуваат од резултатите или препораките.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Периодот за реализација на оваа активност изнесува најмногу 4 (четири) месеци од датумот на потпишување на договорот, но не подоцна од 15 декември 2020 година.
Вредноста на договорот не може да надмине 523.240 денари (8.480 евра во денарска противвредност).
Проектот е ослободен од ДДВ.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, заинтересираните компании треба да достават:

  1. Краток опис на компанијата и портфолио со претходно искуство;
  2. Тековна состојба, не постара од 6 месеци;
  3. Финансиска понуда (Анекс 1).
    Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ
Компанијата/ Организацијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:

  1. Активна компанија, здружение или фондација формирано/а согласно Законите во Северна Македонија, и постои најмалку 3 години.
  2. Најмалку 3 (претходно) изработени истражувања на репрезентативен примерок.

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија го задржува правотоо да го извести само оној понудувач чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Претходно искуство во спроведување на слични активности 80 бодови
  • Понудена цена за активноста 20 бодови
    Вкупно 100 бодови.
    Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена.

ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: angel@ekosvest.com.mk најдоцна до 15 август 2020 г. 16:00 часот, со назнака Апликација за спроведување на фокус групи. Во самата апликација наведете го бројот на фокус групи кои можете да го спроведете за сумата која ја предлагате во финансиската понуда.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 075 580 480.

Extended deadline: Open call for a trainer on Climate justice

Extended deadline: Open call for a trainer on Climate justice

The Center for environmental research and information Eko-svest, as part of the project Communities Communicating Climate Change, implemented by Eko-svest, CNVP Macedonia and Ecologists movement of Macedonia and funded by the European Union, is seeking a trainer for the preparation and performing of a climate justice workshop aimed at CSO representatives.  

Objectives of the activity

While knowledge on climate change is increasing in N. Macedonia, climate justice remains a concept that is still difficult to grasp even among CSO representatives. CSOs need to learn more about this concept in order to spread awareness among general population and thus incite action related to climate justice.

Objectives:

  • Create a curriculum for an online course and workshop on climate justice
  • Train interested CSO representatives on climate justice issues

Responsibilities of trainer

  • Prepare a curriculum on climate justice
  • Prepare a visual toolkit on climate justice (to be used for online climate course)
  • Record a 15min video explanation on climate justice with interactive quiz
  • Organize a three-day online training for CSO representatives.

Topics covered during the training but not restricted to:

  • Relation between climate change and justice
  • Environmental and social justice
  • Human rights, equality and collective rights in the context of climate
  • Historical responsibilities for climate change 

Timeframe and contract value  

Duration of training will be 3 (three) days and will take place between 21st and 24th September 2020 as an online webinar. First draft of curricula and materials for the training should be complete by 11th September 2020 at the latest, finished curricula and materials should be complete by 18th September at the latest.

Contract value cannot exceed 900 EUR gross amount. The project is VAT excluded.

The successful applicants must meet all of the selection criteria below

–       At least 3 (three) years of proven experience in working on climate justice, climate change, environmental issues and justice and/or human rights;

–    A university degree in law, climate change science, environment, sustainable development or social sciences;

–       Strong training background;

–       Working with CSOs is a must;

–       Excellent communication and presentation skills;

–       Proven experience in working with different stakeholders;

–       Ability to work independently as well as in cooperation with project team.

Evaluation of applications

The evaluation commission will only inform selected candidate. Candidates will be evaluated based on:

  • Previous experience, 40pt
  • Workshop outline, 40pt
  • Financial offer, 20pt

Total of 100pt.

Selected candidates will be informed and contract signed no later than 7th of September 2020.

Application procedure

Applications must be submitted by email to nevena@ekosvest.com.mk no later than 16:00 CEST on September 4th 2020.

The email subject line should say: Application for trainer for training on climate justice

The application must include the following:

  • CV in English or Macedonian;
  • A one-page cover letter in English or Macedonian, which provides concrete examples of how the applicant’s experience and skills meet the assignment;
  • A short outline of the Workshop’s Agenda and structure;
  • Financial offer

Extended deadline: Open call for a trainer on Climate justice

Open call for a trainer on Climate journalism

The Center for environmental research and information Eko-svest, as part of the project Communities Communicating Climate Change, implemented by Eko-svest, CNVP Macedonia and Ecologists movement of Macedonia and funded by the European Union, is seeking a trainer for the preparation and performing of a climate journalism workshop aimed at working journalists, bloggers and young writers.

Objectives of the activity

There is very little knowledge about climate issues among general population and there is an increasing need to inform and educate citizens in N.Macedonia about climate change and raise awareness about human and institutional capacity on climate change mitigation, adaptation, impact reduction and early warning. To achieve this we need more quality content on these issues in national media.

Objectives:

• Create a curriculum for an online course and workshop on climate change reporting
• Train interested working journalists, bloggers and young writers on writing and reporting about climate change

Responsibilities of trainer

• Prepare a curriculum on climate journalism
• Prepare a visual toolkit on climate journalism (to be used for online climate course)
• Record a 15min video explanation on climate journalism
• Organize a three day online training for interested working journalists, bloggers and young writers

Topics covered during the training but not restricted to:

• Climate Change science and policies (where to find the information)
• Writing articles about climate change
• Reporting about relevant international and national events
• Tools for climate journalists
• How to pitch an article on climate

Timeframe and contract value

Duration of training will be 3 (three) days and take place between 14th and 18th September 2020 as an online webinar. First draft of curricula and materials for the training should be complete by 04th September 2020 at the latest. Final curricula and materials for the training should be complete by 11th September 2020.

Contract value cannot exceed 888 EUR, gross amount. The project is VAT excluded.

The successful applicants must meet all of the selection criteria below

  • At least 3 (three) years of proven experience in journalism, climate change, environment, sustainable development;
  • A university degree in communications, climate change science, environment, sustainable development or social sciences;
  • Strong training background;
  • Working with CSOs is an asset;
  • Excellent communication and presentation skills;
  • Proven experience in working with different stakeholders;
  • Ability to work independently as well as in cooperation with project team.

Evaluation of applications

The evaluation commission will only inform selected candidate. Candidates will be evaluated based on:
• Previous experience, 40pt
• Workshop outline, 40pt
• Financial offer, 20pt
Total of 100pt.
Selected candidates will be informed and contract signed no later than 21st August 2020.

Application procedure

Applications must be submitted by email to elena@ekosvest.com.mk no later than 16:00 CEST on August 14th 2020.

The email subject line should say: Application for trainer for training on climate journalism

The application must include the following:
• CV in English or Macedonian;
• A one-page cover letter in English or Macedonian, which provides concrete examples of how the applicant’s experience and skills meet the assignment;
• A short outline of the Workshop’s Agenda and structure;
• Financial offer