Отворен повик за ангажирање на експерт за изработка на еколошка проценка на реки

Отворен повик за ангажирање на експерт за изработка на еколошка проценка на реки

Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Овозможување на пат кон декарбонизација и заштита на животна средина, финансиран од Делегација на Европската Унија и проектот „Проверка на одржливотста на малите хидроелектрани во Македонија“ финансиски поддржан од Финдацијата Патагониа има потреба за ангажирање на експерт коj би спровел:

  1. Анализа и изготвување на извештај за еколошка проценка на реки

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на активноста e спроведување анализа и добивање резултати кои ќе послужат за информирање на релевантните институции, Инспекторатот како и сите засегнати страни за влијанието на малите хидроенергетските објекти врз реките во заштитените подрачја. Како понатамошна цел е промени на постоечката регулатива, но и носење нови законски регулативи и построги стандарди за хидроенергетските проекти.

Истражувањето ќе биде направено на 5 реки на кои е веќе изграден хидроенергетски капацитет, на локации кои се наоѓаат во заштитени подрачја.

ЗАДАЧИ НА ЕКСПЕРТИТЕ

Експертот треба:

  1. Да посети најмалку 5 локации на реки на кои се изградени мали хидроцентрали притоа да ги опфати трите сегменти на реката (пред зафатот, после зафатот и после техничката зграда)
  2. Да спроведе анализа според методологијата која ќе ја предложи.
  3. Да направи фото и видео документација на локациите во времето на посетата.
  4. Да направи визуелна проверка на техничките карактеристики на хидроцентралите, односно зафатите според пракса утврдена од страна на Еко-свест,
  5. Да подготви 5 индивидуални фото-извештаи преку кои ќе ги презентира главните наоди од стражувањето за секоја локација.
  6. Да изготви сумарен извештај за еколошка проценка на реките кои се предмет на истражувањето.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Експертот ќе има период на реализација на активноста од 5 (пет) месеци од датумот на потпишување на договорот. Трошоците за превоз до локациите ќе бидат покриени од страна на Еко-свест. Вредноста на договорот ќе биде утврдена согласно добиените понуди.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, кандидатите треба да достават:

  1. Биографија (CV) со детален опис за нивното поле на експертиза
  2. Цена на чинење на услугата во МКД (бруто износ со вклучен персонален данок)
  3. Предложена методологија за изработка на истражувањето и извештајот.

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

Апликантите мора да ги исполнуваат следниве критериуми:

  1. Завршено високо образование (или повисоко) од област со релевантност на проблематиката на овој повик..
  2. Најмалку 5 години професионално работно искуство во областа
  3. Најмалку 3 (претходно) изработени анализи и/или трудови/активности во бараната област.

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Претходно искуство во спроведувањето на слични активности 30 бодови
  • Предложена цена за ангажманот 40 бодови (пониските износи добиваат повисок број на бодови)
  • Предложена методологија- 30 бодови.

Вкупно 100 бодови.

Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: ana@ekosvest.com.mk најдоцна до 15април 2020 г., со назнака Апликација за ангажирање на експерт за реки

Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.

Повеќе информации можете да добиете на тел. 072726104

Leave a Reply