Отворен повик за ангажирање на експерти

Отворен повик за ангажирање на експерти

Отворен повик за ангажирање на експерти за изработка на анализа за обновливи извори на енергија и анализа за алтернативен туризам и одржлив развој

Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „GEAR – Green Economy for Advanced Region, финансиран од Европската унија, и активностите кои ги спроведува за потребите на проект финансиран од CAN Europe, има потреба за ангажирање на двајца индивидуални експерти и тоа:

  1. Експерт за обновливи извори на енергија
  2. Експерт за алтернативен туризам и одржлив развој

ЦЕЛ
Изработени две анализи (за обновливи извори на енергија и за алтернативен туризам и одржлив развој) со препораки за овозможување праведна транзиција за кичевскиот регион, како и учество на експертите на 4 тркалезни маси организирани од страна на Еко-свест.

ЗАДАЧИ НА ЕКСПЕРТИТЕ

Избраните кандидати треба:

  1. Да креираат и достават методологија на работа за изработка на: Анализа на можностите за инсталирање на фотоволтаици на домовите во Кичевскиот регион, како и конкретни препораки, вклучувајќи и економска анализа (за експертот за обновливи извори на енергија) (за експертот за обновливи извори). Анализа на можностите за алтернативен туризам и одржлив развој, вклучувајќи и работа со локалните заедници, пред се руралните, со цел заедничка визија за економски развој на регионот, вклучувајќи и конкретни препораки. (за експертот за алтернативен туризам и одржлив развој).
  2. Да изработат и да го достават до Еко-свест текстот на анализата во А4 формат на македонски јазик (во електронска форма).
  3. Да изготват и достават придружни материјали, практични вежби, презентации и сл. материјали за учество на тркалезните маси и консултативни средби.
  4. Да учествуваат во организираните тркалезни маси.
  5. Да достават извештај за потрошени работни часови (timesheet) за извршувањето на задачите.
  6. Редовно да комуницираат со проектниот тим, со цел договарање на содржината на анализите и дискусиите.

ВРЕМЕНСКА РАМКА
Избраните експерти ќе имаат период од 2 месеци од времето на потпишување на договорот за изработка на анализите, вклучувајќи ја и работата со локалните заедници.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, кандидатите треба да достават:

  1. Биографија (СV) со детален опис за нивното поле на експертиза
  2. Цена на чинење на услугата во МКД (бруто износ со вклучен персонален данок, вклучени патни трошоци до кичевскиот регион, и други поврзани трошоци)
  3. Методологија на работа за изработка на анализите
    Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

Апликантите мора да ги исполнуваат следниве критериуми:

  1. Најмалку 5 години професионално работно искуство во областа
  2. Најмалку 3 (претходно) изработени анализи и/или трудови/активности во бараната област
  3. Одлични комуникациски/презентациски вештини (на македонски јазик)

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Само избраните кандидати ќе бидат известени. Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој целосно ги исполнува критериумите за аплицирање и ќе достави најниска цена на чинење на услугата.

ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантот треба да ја испрати на еmail: elena@ekosvest.com.mk најдоцна до 20 февруари 2020 г., со назнака Апликација за ангажирање на експерт-(изработка на анализа за која аплицира)
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 02 3217 247

Leave a Reply