Отворен повик за ангажирање на педагог и експерт за образование

Отворен повик за ангажирање на педагог и експерт за образование

Центарот за истражување и информирање за животна средина ,,Еко-свест’’ од Скопје, во рамки на проектот „Овозможување на пат кон декарбонизација и заштита на животна средина, финансиран од Делегација на Европската Унија има потреба за ангажирање на педагог и експерт за образование кои би осмислиле и изработиле едукативна програма од областа на заштитата на животната средина.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Целта на оваа активност е ,,Еко-свест’’ да понуди едукативна програма која ќе биде дел од идниот едукативен центар за животна средина. Оваа програма е наменета за децата и младите (од претшколска и школска возраст- основно и средно образование) преку која тие користејќи интересен и иновативен начин ќе се запознаат и информираат за важни прашања од област на животната средина.

ЗАДАЧИ НА ЕКСПЕРТИТЕ

Експертот за образование треба:

  1. Да креира, обмисли и помогне во изготвувањето на план и програма за работа со деца од 5 возрасни генерации (градинка, основно и средно образование) врз основ на информации и податоци обезбедени од страна на Еко-свест на темите климатски промени, заштита на природа и зелена економија.

Педагогот има задача да:

  1. Заедно со ексепертот за образование да ја адаптира содржината дадена од страна на Еко-свест на потребно ниво за деца од претшколска и школска возраст

Двајцата експерти се очекува редовно да комуницираат меѓу себе и да се консултираат со лицето за контакт назначено од страна на Еко-свест.

Крајниот производ од ангажманот се 5 едукативни програми (за 5 возрасни групи 3-5 г, 6-8 г, 9-11г, 12-14, 15-18 г). Секоја од програмите има три теми: климатски промени, заштита на природата и зелена економија. Секоја од програмите се состои од посебни планови за спроведување на едукативната програма во таа возрасна група и вклучува едукативни модули, практични вежби, технички помагала и сл. Секој план содржи и временска рамка за спроведување.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Експертот за образование и Педагогот ќе имаат период на реализација на активноста од 6 (шест) месеци од датумот на потпишување на договорот. Вредноста на чинење на услугата не смее да надмине износ од 61500,00 денари по ескперт, односно за ангажманот на двајцата експерти изнесува 123000,00 денари бруто износ.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Пожелно е кандидатите да аплицираат здружено, односно да поднесат заедничка пријава за двата ангажмани. При аплицирањето, кандидатите треба да достават:

1. Биограгфија (CV) со детален опис за нивното поле на стручност

2. Цена на чинење на услугата во МКД (бруто износ со вклучен персонален данок)

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

Апликантите треба да ги исполнуваат следниве критериуми (сумарно, не мора индивидуално):

1. Завршено високо образование (или повисоко) од област соодветна на повикот (педагогија, психологија и сл) или на соодветна тема која е опфатена од програмата.

2. Најмалку 5 години професионално работно искуство во областа на образованието и искуство со иновативен пристап во образованието,

3. Најмалку 1 (претходно) изработен едукативен план наменет за школска возраст.

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Биографија и претходно искуство 80 бодови
  • Понудена цена за ангажманот 20 бодови

Вкупно 100 бодови.

Договор ќе биде склучен со оној кандидатите кој освоил најголем број бодови.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: helena@ekosvest.com.mk најдоцна до 17 април 2020 г., со назнака ,,Апликација за повик на Еко-свест’’.

Контакт телефон за прашања 072 726 104.

Leave a Reply