Отворен повик за експерт за развој на услуги

Отворен повик за експерт за развој на услуги

Центарот за истражување и информирање за животна средина ,,Еко-свест’’ од Скопје, во рамки на проектот „Овозможување на пат кон декарбонизација и заштита на животна средина, финансиран од Делегација на Европската Унија има потреба за стручна поддршка во развојот на услугите кои организацијата може да ги понуди, и за таа цел има потреба од ангажирање на Експерт за развој на услуги.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на оваа активност е зголемена одржливост на самата организација преку искористување на можностите и откривање на капацитетите која таа ги има со цел развој на систем за услуги кои организацијата би можело да ги нуди на компании, здруженија или граѓани. Во рамки на оваа активност Еко-свест планира да развие комплет услуги кои би ги нудела на пазарот, а се во насока на намалување на јаглеродниот отпечаток и адаптација на климатките промени.

ЗАДАЧИ НА ЕКСПЕРТОТ

Експертот ги има следните задачи:

  • Да ги анализира постојните активности и планови на Еко-свест и да даде предлог за нивно преточување во услуги,
  • Да направи идентификација на целни групи и цени на предложените услуги,
  • Да ги идентификува недостатоците или неопходните активности или измени за овозможување на развој на овие услуги (пример, доколку се предлага сертификација, да се процени што е потребно за истото да се реализира, или доколку за некоја услуга е потребна набавка на одредена опрема или стекнување на одредени знаења и сл ),
  • Да изготви документ со направената анализа и предлози и истата да ја достави до Еко-свест.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Експертот за развој на услуги ќе има период на реализација на активноста од 3 (три) месеци од датумот на потпишување на договорот. Вредноста на чинење на услугата не смее да надмине износ од 55427.00 денари.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, кандидатите треба да достават:

1. Биографија (CV) со детален опис за нивното поле на стручност

2. Цена на чинење на услугата во МКД (бруто износ со вклучен персонален данок)

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

Апликантите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

1. Завршено високо образование (или повисоко) од област соодветна на повикот.

2. Најмалку 3 години професионално искуство во областа на бизнис, менаџмент, економија и сл. соодветна област.

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Биографија и претходно искуство 80 бодови
  • Понудена цена за ангажманот 20 бодови

Вкупно 100 бодови.

Договор ќе биде склучен со оној кандидатите кој освоил најголем број бодови.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: helena@ekosvest.com.mk најдоцна до 31 мај 2020 г., со назнака ,,Апликација за експерт за услуги’’.

Контакт телефон за прашања 072 726 104.

Leave a Reply