Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот Овозможување на пат кон декарбонизација и заштита на животна средина’’ финансиран од Делегација на Европската Унија има потреба од ангажирање на компанија која ќе спроведе Кампања за подигнување на јавната свест

Целта на кампањата е подигнување на свесноста на локалното население во подрачјата кои се најмногу засегнати од термоелектраните на јаглен, но и на сите останати граѓани за влијанието на согорувањето на јаглен врз човековото здравје, потребата да се премине кон одржлив развој и праведна транзиција на економијата како и климатска акција во регионот. Кампањата треба да стимулира разислување во насока на иднина без јаглен во сите сфери на живеењето во регионите на Кичево и Битола.

Целната група се децата и младите (возраст од 3-28 години), а преку нив и нивните родители.

Критериуми за учество на повикот

Копанијата која аплицира мора да ги исполнуваат следниве критериуми:

  1. Да е граѓанска организација регистрирана во Република Македонија согласно Законот за здруженија и фондации и/или Приватна компанија која е формирана согласно Законот за трговски друштва најмлаку 2 години пред датумот на објавување на повикот.
  2. Најмалку 3 (претходно) изработени кампањи и креативни материјали.

Потребна документација за аплицирање

При аплицирањето, кандидатите треба да достават:

  1. Краток опис на компанијата/ граѓанската организација
  2. Портфолио од претходно изработени кампањи, вклучително и изработени материјали
  3. Финансиска понуда.

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

Рок на пријавување

Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: helena@ekosvest.com.mk најдоцна до 18 март 2020 г. 16:00 часот, со назнака Апликација за кампања Еко-свест.

Целосното упатство и услови може да ги најдете на следниот линк.

Share This