Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Овозможување на пат кон декарбонизација и заштита на животна средина’’ финансиран Делегација на Европската Унија има потреба од ангажирање на компанија која употребувајќи соодветни комуникациски стратегии би изготвувила и спровела репрезентативна анкета за јавното мислење за енергетските проблеми во земјава и 1 фокус група во едно од регионите каде има термоелектрани на јаглен.

Цел на повикот е придонесување кон е преку добивање релевантни податоци кои ќе бидат искористени за подигнување на свесноста на граѓаните за важноста на премин на енергетскиот систем кон обновливи извори на енергија и затворање на термоелектраните на јаглен како значаен чекор во справувањето со климатските промени и спроведувањето успешен процес на пристапување кон ЕУ.

Критериуми за учество на повикот

Копанијата која аплицира мора да ги исполнуваат следниве критериуми:

  1. Да е регистрирана согласно Законот за трговски друштва најмаллку 2 (две) години од датумот на објавување на повикот.
  2. Најмалку 3 (претходно) изработени анкети на репрезентативен примерок.

Потребна документација за аплицирање

При аплицирањето, компаниите треба да достават:

  1. Краток опис на компанијата,
  2. Портфолио од претходно изработени анкети, и
  3. Финансиска понуда.

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

Рок на пријавување

Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: helena@ekosvest.com.mk најдоцна до 6 март 2020 г., 16:00 часот со назнака Апликација за анкета за Еко-свест.

Целосното упатство и услови може да ги најдете на следниот линк.

Share This