Повик за ангажирање на Консултант за изработка на 5 годишна Стратегија и план за работа на Коалицијата за клима

Повик за ангажирање на Консултант за изработка на 5 годишна Стратегија и план за работа на Коалицијата за клима

Вовед
Преку финансиска поддршка од Европската Комисија, Делегацијата на Европската Унија во Република С. Македонија – Програмата за граѓанско општество и медиуми 2016 – 2017 – Поддршка за граѓански организации под Акцијата за граѓанско општество 2016 – 2017, Еко-свест во партнерство со ЦНВП Македонија и ДЕМ го спроведуваат проектот “Да зборуваме за климатските промени” во чии рамки е потребно ангажирање на консултанти.

Цел
Целта на повикот е да се изработи 5-годишна Стратегија за работа и план за работа на Коалицијата за клима. Истите да бидат презентирани на тркалезна маса и усогласени со работата/ забелешките од кор-групата на Коалицијата за клима.


Специфичните цели на повикот се:

  • Поддршка на проектот „Да зборуваме за климатските промени” и Коалицијата за клима при стратешко планирање на целите, активностите и резултатите кои Коалицијата за клима сака да ги постигне на среден и долг рок.
  • Поддршка на проектот „Да зборуваме за климатските промени” и Коалицијата за клима при избор на приоритети и области на делување на Коалицијата за клима на краток, среден и долг рок.

Задачи
Задачите на консултантот ќе бидат:

  • Организирање и спроведување на консултативни состаноци со одговорните лица од проектот „Да зборуваме за климатските промени” како и членовите на кор-групата на Коалицијата за клима.
  • Изработка на кратка анализа на визијата, мисијата, целите и активностите кои се предвидени во правните документи на Коалицијата за клима, со цел избор на приоритети и активности кои ќе бидат вклучени во 5 годишната стратегија и планот за работа на Коалицијата за клима.
  • Изработка на нацрт 5 годишна Стратегија и нацрт План за работа на Коалицијата за клима и нивно доставување до одговорните лица од проектот „Да зборуваме за климатските промени”.
  • По првично одобрување на нацрт документите од одговорните лица од проектот „Да зборуваме за климатските промени”, да изработи агенда, да организира и фасилитира тркалезна маса на која ќе ги презентира нацрт документите до кор-групата и регионалните координатори на Коалицијата за клима.
  • Финализирање на 5 годишната стратегија и планот за работа на Коалицијата за клима согласно коментарите од одговорните лица од проектот „Да зборуваме за климатските промени”, кор-групата и регионалните координатори на Коалицијата за клима.
  • Подготовка на краток извештај за спроведените активности.

Резултати:
Консултантот треба да ги испорача следните резултати:

  • 5 годишна Стратегија и План за работа на Коалицијата за клима;
  • Краток извештај за спроведените активности.

Временска рамка и вредност на договорот
Активностите треба да се спроведат почнувајќи од 25 август 2020 и да се завршат најдоцна до 30 септември 2020 година. Вредноста на чинење на услугата не смее да надмине бруто износ од 71.888.00 денари.

Каде да се пријавите?
Заинтересираните кандидати треба да испратат своја биографија и понуда со образложение на бројот на денови за спроведување на активностите и вредност на ангажманот, најдоцна до 15 август 2020 година. Пријавувањето треба да се направи на е-маил angel@ekosvest.com.mk, а во насловот на пораката треба да се назначи „Пријава за лице за стратешко планирање“. Избраниот кандидат ќе биде известен најдоцна до 25 август 2020 година по електронски пат. Проектот го задржува правото да не ги извести кандидатите кои нема да бидат избрани. Целосниот повик може да го погледнете тука.

Leave a Reply