Адреса: Ул. Кирил и Методиј Бр.30/1-6, 1000 Скопје, Македонија; Телефон: +389 2 3217 247; Факс: +389 2 3217 246; Email: info@ekosvest.com.mk
Повик за спроведување кампања за одржливо живеење

Повик за спроведување кампања за одржливо живеење

Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест објавува повик за спроведување кампања за одржливо живеење за граѓански организации и/или приватни компании. Повикот е дел од проектот „Да зборуваме за климатските промени“ финансиран од Европската Унија и спроведуван од Еко-свест, ЦНВП Македонија и Движењето на екологистите на Македонија.

Во рамките на овој проект преку активностите за подигнување на свеста на граѓаните за важноста на справувањето со климатските промени, предвидена е спроведување на Кампања за одржливо живеење. Кампањата се очекува да биде спроведена од страна на граѓанска организација или приватна компанија која се занимава со изготвување и спроведување на кампањи, работа на социјални медиуми, дизајн и маркетинг, организација на настани и сл. На повикот можат да се јават сите заинтересирани организации и компании кои сакаат да ги организираат активностите предвидени во овој Повик.

Цел на повикот е придонесување кон подигнување на свесноста на македонските граѓани за важноста на справувањето со климатските промени во сите сектори и на сите нивоа на донесување на одлуки како значаен чекор во спроведувањето на успешен процес на пристапување кон ЕУ и да се опфатат со активностите групите на граѓани кои во дадената заедница се најзасегнати од климатските промени или најмногу придонесуваат кон нив.

Критериуми за учество на повикот

Повикот е наменет за граѓански организации регистрирани во Република Македонија согласно Законот за здруженија и фондации и Приватни компании кои се формирани согласно Законот за трговски друштва.

Право на аплицирање имаат организациите/ компаниите кои пред објавувањето на овој повик биле регистрирани најмалку 2 (две) години.

Апликациите кои нема да ги исполнат следните услови, нема да можат да бидат земени во предвид:
• Формуларот на пријава не е целосно пополнет или не ги вклучува потребните прилози;
• Поднесувањето е извршено после истекот на крајниот рок наведен во повикот.

Начин на аплицирање

Граѓанските организации/ приватните компании аплицираат со пополнување на соодветната пријава (дадена во прилог на оваа апликација).

Целосните апликации со придружните документи треба да се испратат во електронска форма на ana@ekosvest.com.mk (со назнака во subject: Кампања за одржливо живеење) не подоцна од 29 декември 2019 година во 23:59 часот.

Сите прашања во врска со апликацијата може да се поставуваат во писмена форма најдоцна до 26 декември 2019 година до 16 часот на електронската адреса ana@ekosvest.com.mk со назнака во subject: „прашање за Кампања за одржливо живеење “. Сите прашања поставени за време на инфо сесиите и поставени писмено по електронски пат ќе бидат одговорени во писмена форма и објавени на истата врска каде е објавен и овој повик најдоцна до 27 декември 2019 година во 14:00 часот. Прашања поставени по телефон нема да се одговараат. Прашања поставени по рокот за поставување прашања нема да се одговараат.

Комплетната апликација треба да содржи:

  • Пријава за предлог проект (Анекс 1)
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци
  • Листа на претходни проекти (Reference List)
  • Портфолио од изработени кампањи, вклучително и изработени материјали (визуелно – слики).

Целосното упатство и услови може да ги најдете на следниот линк.

Leave a Reply

Close Menu