Трајна поставка за природа "Патување низ природните богатства на Вевчански извори"

Ве покануваме на отворање на Трајна поставка за природа “Патување низ природните богатства на Вевчански извори”
Свеченото отворање ќе се одржи во петок 22 март, од 13 часот во Мултикултурен Центар “Коста Србакоски” Вевчани.

Новата студија нуди реална слика за фосилниот гас во Македонија

Македонија има сѐ поамбициозни планови за зголемување на употребата на фосилен гас. Но, овие планови беа разработени пред скорешната енергетска криза. Освен климатските катастрофи со кои се соочуваме, зависноста од увоз и ограничувањето во употребата на фосилни горива, пред сѐ гасот, новото истражување покажува дека трошоците за изградба на гасоводната мрежа се зголемени, а со тоа стапката на гасификација во домовите се повеќе ќе се намалува. Наместо тоа, значајни инвестирања може да се направат во алтернативни извори на енергија, како што се инсталирање на соларни системи, топлински пумпи или подобрување на енергетската ефикасност преку реновирање во домаќинствата.

Гасификацијата ќе биде прескапа

Најновата студија покажува дека стратегиите и плановите за гасификација на државата ги потценуваат трошоците и ги преценуваат можностите на гасификацијата. Трошоците за изградба на целата гасна мрежа во државата може да надминат високи 1 милијарда евра. Притоа, со високите трошоци за инвестиции доаѓаат и високи трошоци за крајните корисници, што го прават приклучувањето кон овој енергенс неприфатливо скапо. Наспроти тоа, со истите тие средства би можело да се направат значителни мерки за енергетска ефикасност и производство на енергија во секое домаќинство.

Еко енергетска иднина

Во соработка со The Nature Conservancy и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Еко-свест работи на проект за паметно енергетско планирање во земјата. Со спроведување на фокус групи и анкета на репрезентативен примерок, како и серија консултации со релевантни чинители во секторот, Еко-свест изготви Принципи и препораки за паметно енергетско планирање.

МАНУ пак, изработи Студија за користење на рудници и други браунфилд локации, односно за паметно позиционирање на проектите врз деградирани земјишта. Со првата фаза на проектот се идентификуваа 650 MW капацитет за овие проекти.

Студијата резултираше со мапа на одржливи локации, првенствено на некорисно и загадено земјиште, за развој на обновливите извори на енергија во Македонија. Доколку инвестициите се насочат кон соларни и ветерни електрани на само половина од овие одредени локации, овие проекти би можеле да генерираат 7,7 терават-часови електрична енергија годишно.

Став на Еко-свест за аерозагадувањето

Аерозагадувањето претставува национален проблем поради тоа што многу од нашите градови се соочуваат со него, но е и локален проблем и неблагодарно е да се каже дека може да се реши со една или две мерки. Причината за ова се крие во тоа што изворите на аерозагадувањето се различни. Поттекнуваат и од транспортот, од термоелектраните, од индустриските капацитети, од прашина од градежништвото и од домаќинствата.

Свечено отворање на Трајната поставка за природа за Вевчанските извори

Еко-свест во соработка со Општина Вевчани денес свечено ја отвори Трајната поставка за природа насловена "Патување низ природните богатства на Вевчански Извори". Поставката се наоѓа во Мултикултурниот Центар Коста Србакоски во Вевчани и има за цел промоција на природните вредности на заштитеното подрачје Споменик на природа Вевчански Извори и планината Јабланица, преку едукација и подигнување на...

Отворен повик до младински организации за доставување на понуди за продукција и реализација на активности кои вклучуваат младинско учество

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во рамки на проектот „БИТОЛА БЕЗ ЈАГЛЕН“ има потреба од продукција и реализација на низа активности кои вклучуваат младинско учество, кои реално ќе ги претстават еколошките проблеми од работата на термоцентралите на фосилни горива и ќе иницираат локална и национална дебата за иднината на регионот без употреба на јагленот....

Трајна поставка за природа “Патување низ природните богатства на Вевчански извори”

Ве покануваме на отворање на Трајна поставка за природа "Патување низ природните богатства на Вевчански извори" Свеченото отворање ќе се одржи во петок 22 март, од 13 часот во Мултикултурен Центар "Коста Србакоски" Вевчани. Трајната поставка со својот едукативен карактер има цел да ги доближи до посетителите информациите за природните вредности на заштитеното подрачје Споменик на природа...

ОТВОРЕН ПОВИК ДО КОМПАНИИ ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА РЕВИЗОРСКИ УСЛУГИ-Барање на понуда за ревизорски услуги- продолжен рок до 29.12.2023

Основни информацииЦентарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест од Скопје,работи на теми тесно поврзани со заштита на животната...

Еко-свест и партнерските организации од регионот во соработка со The Nature Conservancy официјално ја започнува кампањата Заедно за реките насочена кон заштита на слатководните богатства на регионот. Обединети за реките, работиме со локалните заедници и владите за да осигураме дека луѓето и природата во регионот напредуваат. Заедно, можеме да се погрижиме нашите реки да продолжат слободно да течат и за идните генерации.

Следете ја Facebook страницата на иницијативата United for Rivers за да дознаете како можете да се вклучите.

Мисија

Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и практики за заштита на животната средина и одржливо живеење.

Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со релевантни организации и институции.

Визија

Нашата визија е праведно, одговорно и совесно општество каде граѓаните одржливо живеат во благосостојба и во хармонија со животната средина.

Области во кои делуваме

Еко-свест е член на:

Наши донатори

Наши партнери