Отворен повик за екперт за изработка на нацрт ставови за процесот на праведна транзиција во земјата

Отворен повик за екперт за изработка на нацрт ставови за процесот на праведна транзиција во земјата

Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Промовирање на енергетска транзиција во С. Македонија има потреба од ангажирање на Експерт за изработка на Нацрт ставови за процесот на праведна транзиција во земјата.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на активноста е изработка на Нацрт ставови за процесот на праведна транзиција во земјата врз основа на изготвен Извештај за Мапирање на локални чинители во процесот на праведна транзиција во Кичевскиот и Битолскиот регион” со цел нивно комуницирање со сите засегнати страни.

ЗАДАЧИ

Апликантот треба:

  1. Да соработува и да ги следи насоките на лицата назначени од Еко-свест со цел изготвување на “Нацрт ставови за процесот на праведна транзиција во земјата”.
  2. Врз основа на изработениот “Извештај за Мапирање на локални чинители во процесот на праведна транзиција во Кичевскиот и Битолскиот регион” да изработи “Нацрт ставови за процесот на праведна транзиција во земјата” вклучително позитивни компаративни практики од земјите од ЕУ, потенцирање на клучни принципи и црвени линии во однос на ставовите.
  3. Да подготви клучни поенти и најбитни информации од “Нацрт ставовите” со цел нивно комуницирање со сите засегнати страни.
  4. За сите преземени активности да достави листа за изработени денови и финален извештај согласно урнеци доставен од Еко-свест.

ВРЕМЕНСКА РАМКА

Периодот за реализација на оваа активност изнесува 1 месец од потпишување на договорот.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, апликантите треба да достават:

  1. Биографија (CV)
  2. Писмо за интерес
  3. Финансиска понуда (во денови)

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

  1. Завршено високо образование (правен факултет, инженер за заштита на животна средина, машински или електро инженер со фокус на енергетика и друго образование кое одговара на повикот)
  2. Докажано искуство во работа со граѓански организации/ локални заедници
  3. Докажано искуство во изработка на сумарни истражувања/ анализи/ “нацрт ставови” (position paper)/ претставки до институции/ лобирање и застапување.
  4. Докажано локално и регионално искуство во секторот енергетика и/или климатски промени се смета за предност
  5. Одлични комуникациски/презентациски вештини (на македонски јазик)

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Претходно искуство во спроведувањето на слични активности 40 бодови
  • Искуство во работа со ГО и локални заедници и енергетика и/или климатски промени 40 бодови
  • Финансиска понуда 20 бодови
    Вкупно 100 бодови.
    Организацијата го задржува правото да спроведе интервју со најдобрите кандидати.
    Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови.
    Понудата не смее да надмине 61.600 ден.

ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 6 декември 2021 г., 16:00 часот со назнака ,,Апликација за Експерт за изработка на Нацрт ставови за процесот на праведна транзиција во земјата “
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Повеќе информации можете да добиете на [email protected] или 075 580 480.

Отворен повик за организирање настан за праведна транзиција

Отворен повик за организирање настан за праведна транзиција

Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Заедници за праведна транзиција’’ има потреба од ангажирање на компанија/организација за организирање настан за праведна транзиција.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на активноста е обезбедување учество на сите засегнати чинители во процесот на праведна транзиција во земјата преку подигнување на капацитетите на локалните заедници.

ЗАДАЧИ

Компанијата/ организацијата треба:

  1. Да соработува и да ги следи насоките за подготовка и организирање на виртуелниот настан од страна на Еко-свест
  2. Да подготви и организира еднодневен настан на тема праведна транзиција во Кичево
  3. Да изработи дневен ред за настанот во комуникација со Еко-свест
  4. Да испрати покани за настанот и да обезбеди учество на настанот
  5. Однапред да го промовира настанот преку традиционалните и нови медиуми
  6. Да ги проследи клучните пораки од настанот
  7. Да изработи извештај за постигнатите резултати и да го достави на Еко-свест ВРЕМЕНСКА РАМКА

Периодот за реализација на оваа активност изнесува 1 недела од потпишување на договорот.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, компаниите/ организациите треба да достават:

  1. Краток опис на компанијата/ организацијата
  2. Портфолио со сработени настани
  3. Тековна состојба не постара од 6 месеци
  4. Финансиска понуда по ставки

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

  1. Активна компанија/организација која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 2 години.

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Претходно искуство 50 бодови
  • Понудена цена 50 бодови
    Вкупно 100 бодови.
    Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови.
    Понудата не смее да надмине 92.500 мкд.

ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 22 ноември 2021 г., 16:00 часот со назнака ,,Пријава за организирање настан“
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Повеќе информации можете да добиете на [email protected].

Отворен повик за организирање настан за праведна транзиција

Отворен повик за ангажирање на консултант/компанија за проектирање на фотоволтаичен систем

Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Заедници за праведна транзиција’’ има потреба од ангажирање на консултант/компанија за проектирање на фотоволтаичен систем.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на активноста е обезбедување учество на сите засегнати чинители во процесот на праведна транзиција во земјата преку подигнување на капацитетите на локалните заедници.

ЗАДАЧИ

Компанијата/ консултантот треба:

  1. Да направи проценка за капацитетот на објектот за максимално производство на електрична енергија
  2. Проценка на вкупно трошоци – инсталирање, одржување, амортизација
  3. Опис на административни постапки за доведување во оперативна фаза
  4. Посета на терен

ВРЕМЕНСКА РАМКА

Периодот за реализација на оваа активност изнесува 1 недела од потпишување на договорот.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, консултантите/ компаниите треба да достават:

  1. Краток опис на компанијата/ CV на консултантот
  2. Портфолио
  3. Тековна состојба не постара од 6 месеци (за компаниите)
  4. Финансиска понуда по ставки

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

  1. Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 2 години (за компании)
  2. Работно искуство во проектирање на фотоволтаичен систем (за консултант)

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Претходно искуство 50 бодови
  • Понудена цена 50 бодови
    Вкупно 100 бодови.
    Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови.
    Понудата не смее да надмине 214.470,00мкд.

ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 22 ноември 2021 г., 16:00 часот со назнака ,,Пријава за консултант/компанија за проектирање на фотоволтаичен систем“
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Повеќе информации можете да добиете на [email protected].

Отворен повик за агажирање на компанија за спроведување кампања

Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје има потреба
од ангажирање на компанија коja би изработила и спровела :

Медиумска кампања за потребите од воспоставување на Фонд за животна средина

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста е информирање и едукација на граѓаните во земјата за потребите од формирање
на Национален фонд за животна средина како и поставување на јавен притисок врз централната
власт и надлежните за потребите од ваков Фонд. Кампањата треба да биде насочена кон општата
јавност, но со посебно насочени пораки кон различни целни групи, како што се надлежни и
релеватни чинители и институции. Особено внимание треба да е посветено и на ангажирање на
младата популација како двигател на промените во општеството. Еко-свест во текот на кампањата
ќе произлезе со своја стручна анализа за која ќе биде потребна посебна медиумска покриеност и
во голема мера содржината од анализата ќе треба да биде искористена во оваа кампања. Во
кампањата треба да бидат вклучени социјалните мрежи (Инстаграм, Фејсбук, Твитер) но и
конвенционалните медиуми.

ЗАДАЧИ НА КОМПАНИЈАТА

Да изработи маркетинг план (за дигитални и традиционални медиуми) и визуелен идентитет на
кампањата во согласност со насоките од нарачателот и да направи концепт на активности. Во
договор со Нарачателот.

Да го презентира маркетинг планот и визуелен идентитет на кампањата пред нарачателот и да го
модифицира во согласност со дадените насоки од нарачателот.

Да спроведе медиумска кампања согласно темата и договорот во времетраење од 5 месеци.

Да соработува и да ги следи насоките за изработка и спроведување на кампањата од лицето
назначено за комуникација од Еко-свест.

Да изработи детален извештај за постигнатите резултати и да го достави на нарачателот.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Компанијата ќе има период на реализација на активноста од 5 месеци од денот на склучениот
договор.
Вредноста на договорот не може да надмине 237.400,00 денари. Проектот е ослободен од ДДВ.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, заинтересираните компании треба да достават:

Краток опис на компанијата

Портфолио со сработени медиумски кампањи

Биографија на членови на тимот со искуство во изработка и спроведување на кампањи, односи
со јавност, маркетинг и работа на социјални медиуми, кои би биле ангжирани на активноста

Тековна состојба не постара од 6 месеци

Финансиска понуда

Предлог маркетинг нацрт план.
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

  • Предлог нацрт план – иновативност на пристапот- 50 бодови
  • Портфолио и искуство на предложените членови на тим- 30 бодови
  • Финансиска понуда – 20 бодови
    Вкупно 100 бодови.
    Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број бодови.
    Компанијата која аплицира мора да биде а ктивна компанија која е формирана согласно Законите
    во Република С. Македонија, и постои најмалку 3 години.
  • ПРИЈАВУВАЊЕ
    Комплетната понуда апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до
    25.11. 2021 г., со назнака Апликација за кампања.
    Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
    Повеќе информации можете да добиете на тел. 02 3217 247 или на 078380298