ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН СОРАБОТНИК

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН СОРАБОТНИК

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје отвара повик за ангажирање Административен соработник.

Еко-свест, од своето формирање како граѓанска организација, активно работи на темите тесно поврзани со заштитата и унапредувањето на животната средина и тоа:

  • заштита на природата и одржлив развој;
  • одржлив транспорт;
  • обновливи енергетски извори и енергетска ефикасност;
  • одржливо управување со отпадот;
  • климатски промени и декарбонизација.

Работни задачи и одговорности                                          

Ангажираниот администратор/ка ќе ги има следните работни должности и одговорности:

  • Тековно и ажурно евидентирање на трошоците и распределба на трошоците по проекти;
  • Девизно, денарско, благајничко работење;
  • Подготовка и архивирање на излезни фактури, други финансиски документи и договори;
  • Администрација поврзана со човечки ресурси;
  • Набавка на основни средства и материјали за канцелариско работење, и следење на инвентарот на основни средства;
  • Логистичка поддршка на проектните координатори за организирање на настани и проектни активности;
  • Други задолженија кои произлегуваат од финансиско работење.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите, како и следните посебни услови:

  • Комплетирано соодветно формално и неформално образование;
  • Работно искуство со административно и канцелариско работење;
  • Докажана способност да работи со компјутери, пред сè напредно познавање на програмите од пакетот на Microsoft Оffice;
  • Искуство со работа на проекти за граѓанското општество во Северна Македонија или во странство, основно познавање од раководење на проектен циклус и познавање процедури за спроведување на проекти на странски донатори, со особен аспект на ЕУ финансирани проекти, ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на англиски јазик, а познавање на албанскиот јазик ќе се смета за предност;
  • Желба и мотив за работа во граѓанска организација која третира прашања и политики од животната средина и граѓанскиот активизам;
  • Желба за континуирано учење и надоградување.

Кандидатите треба да ги поседуваат следните вештини и способности:

  • отворена комуникација (усна и писмена) и презентација;
  • брзо прифаќање и прилагодување кон нови задачи;
  • тимска работа во мултикултурно опкружување;
  • извршување повеќе задачи истовремено;
  • уредност и организираност.

Работни услови                                                                                               

Неделното работно време е 40 часа. Со избраниот/ата кандидат/ка ќе биде потпишан договор за вработување на определено време, со пробен период од 1 (еден) месец кој може да се продолжи врз основа на покажаните квалитети и перформанси. Месечна нето плата, согласно политиката за плати е во износ од 45.000 денари, со прилагодување согласно искуството на вработениот. Конкретната плата на избраниот кандидат/ка ќе биде утврдена при потпишувањето на договорот за вработување.

Начин на пријавување                                                    

Заинтересираните кандидати/тки при пријавувањето треба да достават:

  • Mотивациско писмо (максимум од 1 страна);
  • Професионална биографија;
  • Професионална препорака/референца е пожелна.

Пријавувањето се врши на електронската адреса: [email protected], а пријавата мора да се наслови со: Пријава за административен соработник. 

Рокот за пријавување е најдоцна до 11 август 2022 г.                                                                                                                                                                                                                 

Еко-свест ќе ги контактира само оние лица кои ќе бидат селектирани за тестирање и интервју. Нецелосните и неправилните пријави нема да бидат разгледани. Изборот на кандидатите/ките ќе се изврши врз основа на Законот за работни односи. Еко-свест е рамноправен работодавач.

ПОВИК ЗА РЕДИЗАЈН НА ВЕБ-СТРАНИЦАТА НА ЕКО-СВЕСТ

ПОВИК ЗА РЕДИЗАЈН НА ВЕБ-СТРАНИЦАТА НА ЕКО-СВЕСТ

Повикот се објавува за прибирање на понуди за целосен редизајн на веб страната на
Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест. Потребно е
редизајнот на веб страната да го следи новиот визуелен идентитет кој ќе биде креиран по
повод 20 години јубилеј од работата на Еко-свест. Редизајнот треба да обезбеди полесен
пристап до информациите околу работата на Еко-свест, а се во интерес на граѓаните.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на е-маил: [email protected] најдоцна до 15.07.2022 година до 16:00 часот, со назнака Апликација за изработка на веб страна. Некомплетни понуди или понуди испратени по
предвидениот рок нема да бидат земени предвид. Повеќе информации можете да добиете на тел. 070/206-451.