Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје отвора повик за ангажирање на 2 (двајца) локални проектни координатори/ки за програмските и проектни активности кои ќе ги реализира во својата локална канцеларија во Општина Вевчани.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите, како и следните посебни услови:

  • Основни познавања за работата на Еко-свест и работата во граѓанска организација;
  • Комплетирано соодветно образование;
  • Искуство во спроведени активности за заштита на животната средина ќе се смета за предност;
  • Познавање на процедури за спроведување на проекти, вклучително искуство во финансиско управување и администрирање на проекти;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
  • Познавање на административно и канцелариско работење;
  • Докажана способност да работи со компјутери, како и одлично познавање на програмите од пакетот на Microsoft Office;
  • Возачка дозвола: Б категорија е пожелна.

Кандидатите треба да ги поседуваат следните вештини и способности:

  • за изразена комуникација (усна и писмена) и презентација; 
  • за брзо прифаќање и прилагодување кон нови задачи и околности (адаптибилност); 
  • за тимска работа во мултикултурно опкружување;
  • за извршување повеќе задачи истовремено и испорака на конкретни резултати во кратки рокови;
  • за работа надвор од канцеларија (по потреба);
  • за уредност и организираност.

Работни задачи и одговорности                                                               

Ангажираните проектни координатори/ки ќе ги имаат следните работни должности и одговорности:

  1. Давање активна поддршка во спроведување на проекти, како и учество во конципирање и спроведување активности за локалната канцеларија на Еко-свест во Вевчани;
  2. Организирање на настани во локалната канцеларија на Еко-свест;
  3. Пишување и прегледување на извештаи и редовно информирање и координација со надредените во организацијата;
  4. Тесна соработка со останатите вработени во организацијата, како и со соодветните проектни партнери и чинители од областите во кои ќе работат;
  5. Одржување врски со релевантните локални и национални чинители и партнери и проактивност во делувањето;
  6. Извршување на работните задачи во согласност со политиките, деловниот и етички кодекс на Еко-свест;
  7. Желба и мотив за работа во граѓанска организација која третира прашања и политики од животната средина, граѓанскиот активизам и одржливиот развој.

Работни услови                                                                                                

Неделното работно време е 40 часа. Со избраните кандидати ќе биде потпишан договор за вработување на определено време, со пробен период кој може да се продолжи врз основа на покажаните квалитети и перформанси. За конкретните работни места почетната плата е во нето износ од 30.000 денари. Еко-свест обезбедува дополнителни обуки и го поддржува и стимулира принципот на доживотно учење и надградување.

Почеток на работниот ангажман: од 01 септември 2022г.

Локација: Општина Вевчани, Република Северна Македонија.

Начин на пријавување и роковник                                                    

Заинтересираните кандидати/тки при пријавувањето треба да достават:

▪ Mотивациско писмо (максимум од 1 страна)

▪ Професионална биографија.

Пријавувањето се врши на електронската адреса: [email protected], а пријавата мора да се наслови со: Пријава за проектен координатор. 

Рокот за пријавување е 25 август 2022 г.

Еко-свест ќе ги контактира само оние лица кои ќе бидат селектирани за интервју. Нецелосните и неправилните пријави нема да бидат разгледани. Изборот на кандидатите/ките ќе се изврши врз основа на Законот за работни односи.

Еко-свест е рамноправен работодавач и ги почитува сите различности.

Share This

Share this post with your friends!