НЕ за нови рудници за лигнит и јаглен

НЕ за нови рудници за лигнит и јаглен

Скопје, 01 април 2022 – Еко-свест најостро ги осудува најавите за отворање на нов рудник за лигнит во Живојно, во општината Новаци. Овој проект е неприфатлив од еколошки, енергетски и економски аспект, а е спротивен со сите стратегии и декларираните заложби на државата.

Откако на листата на пријавени проекти за Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан се најде и рудникот за лигнит Живојно, првата претпоставка беше дека тоа е ненамерна грешка и остаток од некои стари планови што потекнуваат од пред изработката на Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година. Но, сега и директорот на компанијата во државна сопственост АД ЕСМ во изјава за медиуми најавува дека активно се работи на отварање на рудникот и дека биле преземени конкретни чекори во 2021 година.

По ваквата најава, со кратко истражување се откри дека АД ЕСМ веќе неколку години, во период и пред енергетската криза, доделило неколку тендери за изработка на документација за отворање на рудникот. Во 2019 година е доделен тендер за изработка на главен рударски проект и оцена на влијанието за животната средина; во 2020 година за геотехнички истражувања за одлагалиште на јаловина од рудникот и во 2021 година за елаборат за експлоатација.

Сето ова се случува во период кога се изработува и усвојува Стратегијата за развој на енергетиката до 2040г. и се работи на Националниот план за енергија и клима –  плански документи што јасно укажуваат на потребата од забрзана енергетска трансформација и оддалечување од употребата на фосилни горива, а со кои ја поставија земјата како лидер во рамки на Енергетската заедница во однос на  плановите за трансформација на енергетскиот сектор.

Независно дали ваквите преземени чекори и најавите за отворање на нов рудник се самостојна иницијатива на АД ЕСМ или се направени во координација со Владата и Министерството за економија, ваквото однесување во енергетскиот сектор е недозволиво.

„Едно е да се направи интервентен увоз на јаглен за да се пребродат неколку месеци од енергетската криза, но сосема друго е целосно да се поткопаат сите обиди за енергетска и праведна транзиција. Отворање на нов рудник само ќе ја влоши ситуацијата произлезена од триестетгодишното неспроведување на плановите во енергетскиот сектор и од одложувањето на искирустувањето на новите обновливи извори на енергија, како што се сонцето и ветерот“, изјави Невена Смилевска од Еко-свест.

За земјата конечно да ја фати правилната насока, треба активно да работи на праведната транзиција и постепено намалување на вработените во рудниците за лигнит, а не да се отвораат нови рудници.

„Сите инвестиции во енергетскиот сектор што ќе се преземаат од денес натаму мора да бидат во согласност со обврските од стратегиите и меѓународните договори.. Времето на одобрување и реализација е исто, нема оправдана причина да се троши време, капацитети и финансии за проекти што ќе не вратат многу чекори назад и ќе продолжат да ја трујат животната средина и населението“, дополни Давор Пехчевски од Еко-свест.

Кампања за паметно енергетско планирање: „Еко енергетска иднина – да ja планираме заедно!“

Кампања за паметно енергетско планирање: „Еко енергетска иднина – да ja планираме заедно!“

Скопје 16.03.2022 година – Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест”, во соработка со “The Nature Conservancy (TNC)” и Македонската академија на науките и уметностите, почнува со кампања за паметно енергетско планирање: „Еко енергетска иднина – да ja планираме заедно!“.

Главната цел на кампањата е да се информираат граѓаните за тековните процеси и нужноста за паметно енергетско планирање низ безбедна и побрза транзиција од фосилни во обновливи извори на енергија со минимално негативно влијание врз природата и луѓето, како и за потребата од соработка меѓу граѓанскиот сектор, Владата, експертите, бизнис секторот и сите релевантни институции.

Кампањата се очекува да ја зголеми свесноста за важноста на енергетската транзиција, со која фосилните горива постепено ќе се заменат со обновливи извори на енергија, водејќи сметка за можните негативни последици врз животната средина и населението.

Обновливите извори, како сонцето и ветерот, се решение за енергетската криза, но проектите за нивно искористување доколку се постават на несоодветни локации, иако се сметаат за еколошки, може да имаат негативно влијание врз луѓето или природата.

При планирањето на фотоволтаиците и ветерниците, исклучително е важно да се води сметка тие да не се поставуваат на плодна почва, да не се загрозуваат природните ресурси, како водата или шумите, пасиштата, заштитените подрачја, но воедно тие да бидат доволно блиску до корисниците за да се намалат загубите при пренос на електрична енергија. Исто толку, нивното поставување не смее да го загрозува дивиот жив свет. Оттаму, потребно е паметно планирање.

Носењето квалитетни, добро планирани решенија подразбираат вклученост на сите чинители: Владата, производителите на електрична енергија, граѓанските здруженија, експертите од областа на енергетиката, заштитата на природата, просторното планирање, управување со земјиштето и природните ресурси, како и сите релевантни институции. Таквите решенија се реализираат полесно, побрзо и со помалку трошоци.

Во рамките на проектот, проектниот конзорциум спроведува првично истражување за најсоодветните и најоптималните површини на земјиште кое може да се употреби за енергетски развој, а резултатите ќе бидат објавени во текот на кампањата и ќе бидат предмет на консултации и дискусија со гореспоменатите чинители.

Кампањата „Еко енергетска иднина – Да планираме заедно“ ќе трае три месеци.

За дополнителни контакти и информации:

Ана Чоловиќ Лешоска – извршна директорка

ana@ekosvest.com.mk

Транзицијата на Кичево – праведна или неправедна? Од нас зависи

Транзицијата на Кичево – праведна или неправедна? Од нас зависи

Автор: Невена Смилевска

Стратегијата за енергетика која го мапира развојот на македонскиот енергетски сектор до 2040 година во сите свои сценарија предвидува итно затворање на ТЕЦ Осломеј. Зошто тоа е најдобар избор е кажано во многу публикации од енергетски, економски и здравствен карактер, но причините за затворање не се предмет на овој напис. Овде зборуваме што ќе се случи со Кичевскиот регион откако ТЕЦ Осломеј ќе се затвори.

Зошто зборуваме за развој без јаглен?

Затворањето на еден голем економски оператор е проблематично за секој регион во кој тој се наоѓал. Таквото затворање предизвикува промени во економијата, но и во социјалниот и културниот живот на граѓаните кои се наоѓаат во регионот. Сите граѓани на Македонија се сеќаваат на процесите на транзиција кои следеа по затворањето на големите фабрики. Оваа транзиција беше неправедна за најголем број граѓани кои беа засегнати од неа и беше причина за многу страдања на многу семејства, страдања кои за некои сè уште не се завршени.

Имаме ли избор?

За среќа, за Кичевскиот (и Битолскиот) Регион имаме избор. Изборот е помеѓу овие две можности:

1) само да се чека неминовното затворање да се случи (што повеќе или помалку е она што сега се прави), или 

2) да се искористи периодот до затворањето за регионот да се подготви за овозможување на праведност на таа транзиција за сите засегнати.

Несомнено е дека промената, независно од тоа која можност ќе се примени, ќе биде голема и ќе бара прилагодување од сите засегнати страни. Меѓутоа, доколку се пристапи проактивно и се бара решение, постојат меѓународни искуства и фондови кои би можеле да се искористат за спроведување на дел од плановите коишто би го мапирале развојот на Кичевскиот Регион по затворањето на ТЕЦ Осломеј.

Како понатаму?

За Кичевскиот Регион веќе се направени неколку студии за можности за развој кои не зависат од јаглен. Дури и само со овие студии како ресурси, веќе е возможно да се започне со процес на широки консултации со населението, со бизнис заедницата во регионот, со земјоделските работници, со занаетчиите и со сите други засегнати страни. Затоа што кичевчани најдобро знаат што им треба. Тие најдобро знаат кои се можностите за развој на нивниот регион. И тоа нивно знаење може, треба и мора да се искористи за планирање на развојот и заживување на регионот откако ТЕЦ Осломеј ќе се затвори.

Меѓутоа, за Кичево да продолжи да живее и да се развива по тоа затворање, треба уште сега да се започне со планирање. Затоа што процесите на планирање, а потоа и на аплицирање за добивање на средства од  фондови одземаат време. Време кое кичевчани го немаат. 

Затоа, на Кичево му е потребно процесот на планирање на праведната транзиција да започне веднаш – за Кичево да продолжи да се развива и без јаглен.

ОТВОРЕН ПОВИК за ангажирање на консултант за изработка на студија на случај

ОТВОРЕН ПОВИК за ангажирање на консултант за изработка на студија на случај

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје во рамки на проектот „Децентрализација на праведната транзиција’’ има потреба од ангажирање на консултант за изработка на студија на случај за процесот на донесување на одлуки во локалната заедница во с. Белица, Кичевско.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на активноста е информирање на Еко-свест и други релевантни чинители за карактеристиките на процесот на донесување на одлуки во локалната заедница во с. Белица, Кичевско. Станува збор за локална заедница со традиционален начин на донесување на одлуки (совет на старешини) која може да се смета за дел од културното богатство на македонскиот народ и за која тенденцијата е да се зачува во нејзината изворна форма.

Студијата на случај треба да ги истражи и опише карактеристиките на овој процес преку спроведување на длабински интервјуа со релевантните членови на заедницата и да даде препораки како моделот на одлучување може на праведен начин да се примени во формирање на енергетска заедница за производство на енергија (бизнис модел).

ЗАДАЧИ

Консултантот треба:

1. Да спроведе најмалку 7 теренски длабински интервјуа со релевантни членови на локалната заедница во с. Белица;

2. Да ги анализира наодите од интервјуата;

3. Да даде опис најмалку на следново: историјатот на моделот на одлучување, формата, процесот на избор на членовите, правата на секој од членовите и процесот на одлучување во заедницата.

Според наодот на консултантот може да се вклучат и други елементи доколку се процени дека се релевантни.

 ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Периодот за реализација на оваа активност изнесува 2 месеци од потпишување на договорот.

Вредноста на договорот не може да надмине бруто износ од 36.500,00 денари (со вклучен персонален данок).

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, консултантите треба да достават:

  1.  CV на консултантот

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

  1. Консултантот е пожелно да има најмалку високо образование од областа на социологијата или антропологијата
  2. Консултантот е пожелни да има релевантно искуство во изработка на слични студии на случај

ПРИЈАВУВАЊЕ

Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: info@ekosvest.com.mk најдоцна до 04 март 2022 година со назнака ,,Пријава за консултант за студија на случај“.

Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.

Повеќе информации можете да добиете на info@ekosvest.com.mk

Енергетската криза и транзицијата на регионите со јаглен

Енергетската криза и транзицијата на регионите со јаглен

Од Невена Смилевска

Фотографија: Рудникот Суводол и РЕК Битола. Автор: Давор Пeхчевски

Тековната енергетската криза не потсети дека не сме направиле ништо за реален развој на енергетскиот сектор во изминатите 30 години. Исто така не потсети и дека сме комплетно зависни од фосилни горива и дека комбинацијата од овие два фактори предизвикува да одиме во потешка енергетска криза и потешко финансиско оптеретување на граѓаните. Ни покажа и дека во овие услови немаме избор освен да се помириме со фактот дека мораше да се увезе јаглен и да се вклучи ТЕЦ Неготино, колку и да е тоа штетно за здравјето на луѓето.

Единствената алтернатива, кон која и се имаме обврзано како земја со повеќе регионални заложби и која е вградена во националните стратегии, е да ја декарбонизираме економијата и да се свртиме кон обновливите извори на енергија. Продолжувањето на зависноста од јаглен кој го немаме и на агонијата на Битолчани и Кичевчани додека живеат во екстремно загадена животна средина која буквално ги чини нивните деца живот, истовремено давајќи им само лажна долгорочна економска сигурност, е само губење време додека се купува социјален мир по цена на здравјето на граѓаните.

Дури и би можело да се побара од граѓаните да го толерираат неприфатливото работење на двете термоелектрични централи на лигнит без да ги исполнуваат стандардите за животна средина кои требаше да ги исполнат уште во 2007 година, кога тоа време би се користело за нешто корисно – да се постават доволно фотоволтаични централи за да се замени барем еден од вкупно четирите блока на термоелектраните на кои во моментов се потпираме, да се направат капацитети за зачувување на енергијата произведена од сонце или да се направи план како засегнатите бизниси во Кичевскиот и Битолскиот регион минимално да страдаат од затворањето на термоелектраните кое неминовно претстои. Меѓутоа, во услови кога Стратегијата за развој на енергетиката е само документ чија имплементација сеуште не е започната и кога никој, со исклучок на невладиниот сектор, не ги прашал граѓаните во Кичево и Битола како би го развивале својот регион кога би ги немале овие економски капацитети кои работат на „позајмено“ време, заложбите за Зелена Агенда за западен Балкан, Софиската декларација и целата дискусија за зелен развој или енергетска транзиција се само тоа – дискусии во медиумите на теми кои се привлечни за донаторите и ѝ нудат на јавноста илузија дека работите се менуваат или дека се прави нешто.

Болната вистина е дека обврските за декарбонизација на економијата кои ги имаме преземено тапкаат во место и дека се работи само на ниво на документи, стратегии и програми. Роковите за затворање на термоелектраните на лигнит кои постојано ги поместуваме за подоцна и подоцна не се користат за да се подготват регионите за економската транзиција која им претстои и која никој не сака да ја спомене поради лошите искуства кои граѓаните ги имаат со неправедната транзиција која беше резултат на затворање на големи економски оператори во изминатите 30-тина години. Истовремено, многу малку се прави за да се подготви терен за поинаква (и подобра) судбина на Кичевчани и Битолчани.

Фотографија: Поглед кон РЕК Битола од Пелагонија. Автор: Давор Пехчевски

Единствен начин за да се обезбеди дека заедно со енергетската транзиција кон развој без јаглен, која сегашната криза само потврдува дека е неминовна, нема да настапи и неправедна транзиција на регионите каде има термоелектрани е нивниот развој да се планира веднаш. Детално да се истражат можностите за развој во овие региони кои не се поврзани со електраните на јаглен. Да се бараат начини како овие региони да станат привлечни за инвестиции и привлечни за нови, незагадувачки индустрии. Впрочем, зошто се зборува за намалување на данокот за одредени високоплатени професии (како што се програмерите), а тоа истовремено не се условува со релокација на овие професионалци во регионите кои би имале значителна придобивка од нивното присуство бидејќи нивните високи приходи би придонесле кон движење на локалната економија? Зошто не се зборува како да се поддржат микро и малите бизниси или индивидуалните производители во регионите со термоелектрани? Зошто не се зборува за мали локални енергетски заедници или за микро и мали локални системи за греење? Сите овие (и повеќе) можности и идеи би излегле во јавниот дискурс доколку се спроведе консултативен процес за тоа како да се поттикне развојот на регионите каде има термоелектрани како дел од процес за развој на територијален план за праведна транзиција (или негов еквивалент).

Територијалните планови за праведна транзиција се услов за добивање средства од Фондот за праведна транзиција кој функционира во Европската Унија и е достапен за земјите членки на унијата. За земјите од западен Балкан засега не постои ваков фонд, но никој не нѐ спречува да научиме од искуствата на земјите кои имаат вакви планови, напр. соседна Грција и да го испланираме развојот на Кичевскиот и Битолскиот регион согласно барањата на фондот. Територијалниот план за праведна транзиција ги дава деталите на процесот на транзиција кој ќе биде применет во дадениот регион за да се осигура дека економијата на тој регион ќе биде климатски неутрална. Овој план содржи временска линија на активностите, вклучително и планираните инвестиции и е во согласност со долгорочните национални стратегии. Неговиот фокус е на диверзификација на локалната економија и давање нови вештини на работниците или унапредување на вештините кои веќе ги имаат за да се овозможат подобри и порелевантни можности за вработување. Во ситуација кога е веќе одлучено дека термоелектраните ќе се затворат во догледно време, единствен избор за граѓаните кои живеат во регионите кои со тоа затворање ќе бидат засегнати е да бараат од локалната самоуправа и од националните донесувачи на одлуки нивниот регион да има ваков план за праведна транзиција кој ќе осигура дека никој нема да остане „на улица“.

Повик за избор на најповолен понудувач за изработка испроведување на јавни кампањи во периодот од март2022 до јуни 2024година за проектот Граѓанските организации во акција за климатските промени(АFC)

Во рамки на проектот Граѓанските организации во акција за климатските промени, објавуваме јавен повик за изработка и спроведување на јавни кампањи во периодот од мар 2022 до мај 2024година.

Рокот за доставување на понудите е до 03 март 2022г.

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ПРОЕКТНИ КООРДИНАТОРИ/КИ

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје отвoра повик за ангажирање на 4 проектни координатори/ки за програмските и проектни активности во следниот период. Еко-свест, од своето формирање како граѓанска организација, активно работи на темите тесно поврзани со заштитата и унапредувањето на животната средина и тоа:
• заштита на природата и одржлив развој;
• одржлив транспорт;
• обновливи енергетски извори и енергетска ефикасност;
• одржливо управување со отпадот;
• климатски промени и декарбонизација.

Заинтересираните треба да ги исполнуваат општите, како и следните посебни услови:

• Основни познавања за работата на Еко-свест и работата во граѓанска организација или фондација;

• Комплетирано високо образование. Кандидатите со завршени постдипломски студии ќе имаат предност;

• Најмалку 5 (пет) години работно искуство на проекти во Северна Македонија или во странство и, солидни познавања од раководење на проектен циклус (PCM). Искуство од спроведени проекти во граѓанскиот сектор е предност;

• Познавање процедури за координирање и раководење на проекти на странски донатори, со особен аспект на ЕУ финансирани проекти;

• Одлично познавање на македонски и англиски јазик, а познавање на албанскиот јазик ќе се смета за предност;

• Искуство со административно и канцелариско работење;

• Докажана способност да работи со компјутери, пред сè одлично познавање на програмите од пакетот на Microsoft office;

• Возачка дозвола: Б категорија е пожелна.

Кандидатите/ките треба да ги поседуваат следните вештини и способности:

• за изразена комуникација (усна и писмена) и презентација;

• за брзо прифаќање и прилагодување кон нови задачи;

• за тимска работа во мултикултурно опкружување;

• за превземање лидерство и предводење на активностите во тимовите;

• за извршување повеќе задачи истовремено и за испорака во кратки рокови;

• за работа надвор од канцеларија (remote);

• за уредност и организираност.


Работни задачи и одговорности:

Ангажираните проектни координатори/ки ќе ги имаат следните работни должности и одговорности:
I. Развивање на проектни апликации и учество во конципирање и спроведување на политики и активности;
II. Координирање и надгледување на спроведувањето на проектните активности, а во согласност со политиките на донаторите, организацијата и менаџментот на Еко-свест;
III. Пишување и прегледување на наративни извештаи и редовно информирање и координација со надредените во организацијата;
IV. Тесна соработка со останатите вработени во организацијата, како и со проектни партнери и релевантните чинители од областите во кои ќе работат;
V. Одржување врски со релевантните национални и меѓународни чинители и проактивност во делувањето;
VI. Извршување на работните задачи во согласност со политиките, деловниот и етички кодекс на Еко-свест;
VII. Желба и мотив за работа во граѓанска организација која третира прашања и политики од животната средина и граѓанскиот активизам.


Работни услови:

Неделното работно време е 40 часа. Со избраните кандидати ќе биде потпишан договор за вработување на определено време, со пробен период од 3(три) месеци кој може да се продолжи врз основа на покажаните квалитети и перформанси. Месечната нето плата, согласно политиката за плати е во рамки од 40.000 до 55.000 денари. Конкретната плата на избраниот кандидат/ката ќе биде утврдена при потпишувањето на договорот за вработување.


Начин на пријавување и роковник:

Заинтересираните кандидати/тки при пријавувањето треба да достават:
▪ Mотивациско писмо (максимум од 1 страна);
▪ Професионална биографија во Europass EU формат;
▪ Три професионални препораки.
Пријавувањето се врши на електронската адреса: info@ekosvest.com.mk, а пријавата мора да се наслови со: Пријава за проектен координатор/ка. Рокот за пријавување е најдоцна до 31 мај 2022 г.


Еко-свест ќе ги контактира само оние лица кои ќе бидат селектирани за тестирање и интервју. Нецелосните и неправилните пријави нема да бидат разгледани. Изборот на кандидатите/ките ќе се изврши врз основа на Законот за работни односи. Еко-свест е рамноправен работодавач и ги почитува различностите.

ОТВОРЕН ПОВИК за ангажирање на консултант за изработка на студија на случај

ОТВОРЕН ПОВИК за ангажирање на консултант за изработка на студија на случај

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје во рамки на проектот „Децентрализација на праведната транзиција’’ има потреба од ангажирање на консултант за изработка на студија на случај за процесот на донесување на одлуки во локалната заедница во с. Белица, Кичевско.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на активноста е информирање на Еко-свест и други релевантни чинители за карактеристиките на процесот на донесување на одлуки во локалната заедница во с. Белица, Кичевско. Станува збор за локална заедница со традиционален начин на донесување на одлуки (совет на старешини) која може да се смета за дел од културното богатство на македонскиот народ и за која тенденцијата е да се зачува во нејзината изворна форма.

Студијата на случај треба да ги истражи и опише карактеристиките на овој процес преку спроведување на длабински интервјуа со релевантните членови на заедницата и да даде препораки како моделот на одлучување може на праведен начин да се примени во формирање на енергетска заедница за производство на енергија (бизнис модел).

ЗАДАЧИ

Консултантот треба:

1. Да спроведе најмалку 10 теренски длабински интервјуа со релевантни членови на локалната заедница во с. Белица;

2. Да ги анализира наодите од интервјуата;

3. Да даде опис најмалку на следново: историјатот на моделот на одлучување, формата, процесот на избор на членовите, правата на секој од членовите и процесот на одлучување во заедницата.

Според наодот на консултантот може да се вклучат и други елементи доколку се процени дека се релевантни.

 ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Периодот за реализација на оваа активност изнесува 2 месеци од потпишување на договорот.

Вредноста на договорот не може да надмине бруто износ од 36.500,00 денари (со вклучен персонален данок).

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, консултантите треба да достават:

  1.  CV на консултантот
  2.  Пример за претходни слични анализи

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

  1. Консултантот треба да има најмалку високо образование од областа на социологијата или антропологијата
  2. Консултантот треба да има релевантно искуство во изработка на слични студии на случај

ПРИЈАВУВАЊЕ

Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: info@ekosvest.com.mk најдоцна до 20 февруари 2022 година со назнака ,,Пријава за консултант за студија на случај“.

Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.

Повеќе информации можете да добиете на info@ekosvest.com.mk

ОТВОРЕН ПОВИК за ангажирање на консултант за изработка на студија на случај

Отворен повик за координатор за Кичевскиот и Битолскиот регион

Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест од Скопје во рамки на проектот „Децентрализација на праведната транзиција”, објавува повик за ангажирање на Kоординатор за Кичевскиот и Битолскиот регион.


Повикот е отворен од 15.02.2022 година за сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат барањата од повикот и ќе ги поднесат следните документи:

  • Биографија (CV);
  • други документи кои ги докажуваат квалификациите и искуството (доколку кандидатот посeдува такви документи).

Позицијата е за 1 лице кое ќе ги задоволи барањата од повикот.

Барања на повикот

Општо за организацијата
Еко-свест е здружение на граѓани основано на 18.09.2002 година. Во 2008 година, Еко-свест го менува својот назив во „Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест“ со цел најдобро да ја отслика својата дејност, мисија и визија.
Главната цел за формирањето на здружението лежи во потребата да се покрене јавната свест за неопходноста од грижа за животната средина во Македонија, преку информирање, едуцирање и застапување.
Еко-свест од самиот почеток работи на темите тесно поврзани со заштитата на животната средина и тоа:
– одржлив транспорт;
– обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност;
– одржливо управување со отпадот;
– заштита од хемикалии и тешки метали;
– заштита од генетски модифицирани организми.


Како хоризонтални прашања кои ги тангира организацијата, но и нејзини главни определби се информирањето и едукацијата на граѓаните во Македонија, учеството на јавноста во донесувањето одлуки од област на животната средина, транспарентното и отчетното работење на јавните институции, јавни пари за јавни придобивки, пристап до правда во област на заштита на животната средина.
Во својата работа, Еко-свест спроведува проекти, јавни кампањи, застапува одредени ставови поврзани со проблематиката и генерално информира врз база на спроведени анализи, истражувања и анкети. Во своето досегашно работење, Еко-свест има спроведено над 60 проекти во Македонија и регионот.
Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина. Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции. Нашата визија е праведно, одговорно и совесно општество каде здрави граѓани одржливо живеат во благосостојба и во хармонија со животната средина.

Квалификации и искуство
За позицијата ќе бидат разгледувани кандидати со следниве квалификации и искуство:
– одлично познавање на Кичевскиот и Битолскиот регион со особен осврт кон енергетскиот аспект и основни познавања од областа на енергетската транзиција;
– одлично интегрирани во локалната заедница во Кичевскиот и/или Битолскиот регион, односно да имаат воспоставено добра комуникација со локалните заедници од регионот (клучна квалификација);
– извонредни комуникациски вештини (за орална и писмена комуникација) и способност за работа под притисок;
– одлични организаторски способности, способност за тимска работа и работа со крајни рокови;
– техничка писменост и познавања од работа на компјутери, како и способност брзо да учат и да се надоградуваат;
– познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
– да поседува сопствено возило и возачка дозвола Б категорија.


Работни задачи
– Да остварува и одржува контакт со локалните заедници во Кичевскиот регион на редовна основа со цел нивна поддршка во праведна транзиција на регионот;
– Да остварува и одржува соработка со сите релевантни чинители во Кичевскиот регион на редовна основа, како и да ги информира и консултира во врска со праведната транзиција во земјата;
– Да остварува организирани средби со локалните чинители во Кичевскиот регион најмалку еднаш во месецот, како и да доставува записници за истите;
– Да организира две тркалезни маси, како и да пружа поддршка на останатите проектни активности на Еко-свест во Кичевскиот регион доколку има потреба;
– Да изготвува наративни извештаи на барање на Еко-свест, како и финален извештај по завршување на ангажманот;
– Да ги почитува политиките на Еко-свест.

Позиција
Позицијата за која се бара лицето е Kоординатор за Кичевскиот и Битолскиот регион (1 лице). Лицето е предвидено да биде надворешен соработник коешто ќе биде ангажирано во најбрз можен рок, а ангажманот ќе трае до 30.09.2022 година.

Потребни документи
– Биографија (CV);
– други документи кои ги докажуваат квалификациите и искуството (доколку кандидатот посeдува такви документи).

Прашања во врска со повикот
Сите прашања во врска со повикот може да се постават на следната електронска адреса: info@ekosvest.com.mk најдоцна до 15.02.2022 година.

Пријава за повикот
Сите кандидати треба бараната документација да ја пратат најдоцна до 15.02.2022 година до 16:00 часот на следната електронска адреса: info@ekosvest.com.mk со наслов на пораката: Пријава за координатор за Кичевскиот и Битолскиот регион.


Сите поднесени документи во дадениот рок ќе бидат разгледани и најсоодветните кандидати ќе бидат повикани на разговор. Поради ковид мерките, разговорите ќе бидат реализирани преку платформата Zoom.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе бидат избрани за разговор.

Што беше тоа одржлив развој?

Што беше тоа одржлив развој?

Наместо да развиваме локален, уникатен туризам кој е одржлив и носи економски развој на заедниците кои живеат во заштитените подрачја, притоа ненаштетувајќи на природата (параглајдинг, планинарење, планински велосипедизам па и печење лепче во бачило и јавање коњи), ние сме се запнале за мега инфраструктура. Ем чини многу, ем прави штета, ем не носи локален развој. За ова имаме и посебна препорака од Бернската конвенција при Советот на Европа, кадевелат да ги усогласиме плановите за развој на инфраструктура со оние за заштита на природата, а не обратно.

Што беше тоа одржлив развој – Либертас (libertas.mk)