Заробени реки

Изградбата на мали хидроцентрали остава непоправливи последици по животната средина и природата, го загрозува опстанокот на заштитените и ендемски видови, како и луѓето.
Да кажеме НЕ на малите хидроцентрали и уништувањето на реките!
Да ги оставиме реките слободно да течат и да ја жуборат својата приказна. Приказна која значи живот за сите нас и за следните генерации!

Приказна за Јагленко

Запознајте го Јагленко. Неговото име ве потсетува на нешто? Не? Тогаш дозволете му да ви раскаже една приказна за минатото, сегашноста и зелената иднина!

Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест добитник на престижна награда за животна средина

Наградата за животна средина Goldman се доделува секоја година на заслужни херои од областа на животната средина од сите шест населени континенти во светот. Оваа година наградата е доделена на активисти од Чиле, Либерија, Монголија, Куковите Острови, САД, а меѓу добитниците е и Ана Чоловиќ Лешоска од Центарот за истражување и информирање Еко-свест од Македонија.

Заштитено подрачје Вевчански извори

Советот на Општина Вевчани го усвои Планот за управување со споменикот на природа Вевчанските извори, со што Вевчани претставува модел како мала заедница може да живее во склад со природата, и претставува пример за идниот Национален парк Јабланица.

Смарт Охрид

Концептот „Смарт Охрид“ се заснова на принципите за управување со сообраќајот широко користени низ целиот свет, со цел: да се минимизира сообраќајниот метеж, да се зголеми безбедноста во сообраќајот, да се намалат влијанијата врз животната средина и климатските промени, да се подобри подвижноста и пристапноста и да се намалат трошоците.

Оригинален и иновативен

Воведувањето на одржлив и интегриран транспортен систем во Балкански национален парк и Светското наследство на УНЕСКО ќе биде важен пример што другите би можеле да го следат. И самиот ќе претставува туристичка атракција.

Најнови објави за енергија и клима

ОТВОРЕН ПОВИК за Барање на понуда за ревизорски услуги за проект „Граѓански организации во акција за климата’’

ОТВОРЕН ПОВИК за Барање на понуда за ревизорски услуги за проект „Граѓански организации во акција за климата’’

Еко-свест објавува отворен повик за избор на ревизорска куќа за ревизија на проект „Граѓански организации во акција за климата’’ финансиран од Swedish International Development Cooperation Agency (Sida). Повеќе детали во документот во прилог:...

read more
НЕ за нови рудници за лигнит и јаглен

НЕ за нови рудници за лигнит и јаглен

Скопје, 01 април 2022 - Еко-свест најостро ги осудува најавите за отворање на нов рудник за лигнит во Живојно, во општината Новаци. Овој проект е неприфатлив од еколошки, енергетски и економски аспект, а е спротивен со сите стратегии и декларираните заложби на...

read more
Кампања за паметно енергетско планирање: „Еко енергетска иднина – да ja планираме заедно!“

Кампања за паметно енергетско планирање: „Еко енергетска иднина – да ja планираме заедно!“

Скопје 16.03.2022 година - Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест”, во соработка со “The Nature Conservancy (TNC)” и Македонската академија на науките и уметностите, почнува со кампања за паметно енергетско планирање: „Еко енергетска...

read more

Мисија

Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина.
Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.

Визија

Нашата визија е праведно, одговорно и совесно општество каде здрави граѓани одржливо живеат во благосостојба и во хармонија со животната средина.