Јавен повик: Програма за грантови на Еко-свест 2026

Вовед

Еко-свест ја започнува Програмата за грантови за 2026 година, со цел да ги поддржи граѓанските организации и нивните партнери во предводењето на промените кон праведно и отпорно општество. Програмата се реализира со поддршка на Кралството на Шведска и се заснова на моделот на „Обновлива правда“ (Restorative Justice), кој ја нагласува важноста на демократизацијата на експертизата и активното вклучување на граѓаните во креирањето на еколошката иднина.

Зошто ја спроведуваме оваа програма?

Северна Македонија се соочува со еколошка ранливост и институционална стагнација. Граѓанските организации имаат клучен потенцијал да бидат „чувари на јавниот интерес“ и партнери во имплементацијата на системски решенија, но често се ограничени од недостаток на ресурси и техничка експертиза. Оваа програма не само што финансира проекти, туку систематски го гради капацитетот на граѓанскиот сектор.

Цели на програмата

Грантовите се насочени кон постигнување на следните стратешки цели:

  • Техничко застапување: Подобрување на капацитетите за анализа и застапување на еколошки регулативи (усогласени со ЕУ Поглавје 27).
  • Институционален надзор (watchdogging): Обезбедување транспарентност и одговорност во носењето одлуки.
  • Заштита на природата: Управување со заштитени подрачја и обнова на екосистеми.
  • Практични решенија: Имплементација на пилот-проекти за декарбонизација и заштита на природата.
  • Јавна свест: Подигање на климатската писменост и градење на граѓански активизам.
  • Организациска отпорност: Градење на внатрешни управувачки вештини на организациите.

За кого е наменета програмата?

Право на учество имаат граѓански организации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, кои постојат и се регистрирани најмалку 4 години пред објавувањето на овој повик. Организациите се охрабруваат да формираат партнерства со други локални чинители (други организации, општини, бизниси и др.)

Финансиски информации

  • Вкупен фонд: 21.500.000 денари
  • Износ по грант: Минимум 1.200.000 денари – Максимум 4.300.000 денари.
  • Времетраење: 12 до 14 месеци.

Информации за аплицирање

Процесот се одвива во две фази:

  1. Фаза I (Концепт на проект): Потребно е да се поднесе Концепт на проект со проценка на буџет и соодветна документација до 31 јули 2026 година. Апликациите се испраќаат на [email protected].
  2. Фаза II (Целосен предлог-проект): Само избраните кандидати од првата фаза ќе бидат поканети да поднесат целосен предлог-проект најдоцна до 30 септември 2026 година, преку електронската платформа на ekosvest.com.mk.

За подетални информации, критериуми и потребна документација, посетете ја нашата веб-страница ekosvest.com.mk и прочитајте ја Програмата за грантови на Еко-свест за 2026.