Еко-свест на нова локација

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје се пресели во нова, енергетски ефикасна и паметна канцеларија.

Адреса: Киро Крстевски – Платник 6 /1, Општина Центар, 1000 Скопје

Телефон: +389 (0)2 321 7247

Е-маил: [email protected]

Работно време: од 8:00 до 16:00 часот

Промоција на сликовницата „Каде оди реката?“

Промоција на сликовницата „Каде оди реката?“ од Хана Корнети и илустрации на Марија Трајаноска, издание на „Чудна шума“ во соработка со Еко-свест.

Остранета најголемата непотребна препрека на река во Македонија

Ослободени 72 км слободен тек на Пчиња. Непотребна бетонска бариера долга 50 метри и широка 30 метри е отстранета од реката Пчиња, во месноста Шупљи камен. Оваа препрека која по Втората светска војна била наменета за пренос на тенкови со тек на времето се разрушила и во последните неколку децении претставуваше безбедносен ризик за населението и причинуваше штета врз екосистемот.

Зелен телефон

Зелен телефон е алатка на Еко-свест преку која се овозможува пријавување на еколошки проблеми и барање правна помош.

  • Помош во доставување пријава или барање до надлежните за решавање на проблемот;
  • Советување во врска со еколошкиот проблем.

Инфо сесија за Повикот за концепти- 21 јули

Почитувани колеги, Ве покануваме на информативна сесија по повод објавениот Повик за концепти во рамки на нашата Програма за грантови 2026. Сесијата ќе се одржи online на 21 јули со почеток во 11 часот. За време на сесијата ќе ги презентираме целите на Програмата и очекувањата од концептите, а вие ќе можете да поставите прашања. Доколку сакате да се приклучите на оваа сесија, Ве молиме...

Ефектите од отстранувањето на бариерата во река Пчиња

На крајот на 2025 година Еко-свест во соработка со општина Куманово отстрани голема бетонска бариера од реката Пчиња. Истражувањата спроведени пред тоа покажаа дека оваа бариера го попречува текот на реката и слободната дистрибуција на милта, го попречува слободното движење на водните животни, предизвикува загадување на дел од реката над самата бариера и е безбеносен ризик по локалното...

Проблемите со изградбата на малите хидроцентрали сеуште не стивнува

И покрај наодите на Државниот завод за ревизија од 2021 година[1], кои јасно укажуваат на бројните штети од изградбата на малите хидроцентрали и недосладности во постапките за издавање на нивните дозволи, државните институции продолжуваат со охрабрување за изградба на овие проекти во заштитените подрачја во Македонија. Во јануари 2026-та година, Владата на РСМ донесе одлука да се продолжи рокот...

Мисија

Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и практики за заштита на животната средина и одржливо живеење.

Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со релевантни организации и институции.

Визија

Нашата визија е праведно, одговорно и совесно општество каде граѓаните одржливо живеат во благосостојба и во хармонија со животната средина.

За живот на живиот свет

За живот на живиот свет

Кампањата „За Живот на Живиот свет“ има за цел да им се помогне на граѓаните подобро да ја разберат важноста на урбаниот биодиверзитет и што можат тие да направат за да помогнат во ублажувањето на климатските промени и прилагодувањето на урбаниот живот кон последиците од климатските промени.

„Let’s be clear. The planet is not in jeopardy. We are in jeopardy. We haven’t got the power to destroy the planet – or to save it. But we might have the power to save ourselves.“

Jurassic Park

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ДВАЈЦА КОНСУЛТАНТИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ЕДУКАТИВЕН ПРИРАЧНИК ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ / CALL FOR APPLICATIONS FOR THE ENGAGEMENT OF TWO CONSULTANTS TO DEVELOP AN EDUCATIONAL MANUAL FOR HIGH SCHOOL STUDENTS

Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ од Скопје, преку локалната канцеларија Вевчани, во рамки на проектот „Поддршка...

Месечен информатор на Еко-свест

Доколку сакате да го добивате месечниот информатор на Еко-свест на вашата мејл адреса регистрирајте се преку следниот линк:

Области во кои делуваме

Цели за оддржлив развој на кои работиме

Еко-свест е член на:

Наши донатори

Наши партнери