Здружението „Центар за истражување и информирање за животна средина - Еко-свест“ од Скопје согласно законот за здруженија и фондации како и статутот дефинира членство, и го регулира постоењето на членови- поддржувачи и симпатизери на здружението. Според ова, членовите поддржувачи можат преку волонтерска, материјална и друга помош и поддршка да се вклучат во работата и развојот на здружението.
Согласно статутот на здружението, правата и обврските на поддржувачите и волонтерите на Еко-свест се регулираат со правилници.
Придобивки за поддржувачите на Еко-свест Скопје
-
- Редовно информирање преку инфо билтен со информации за активностите на Еко-свест
- Пристап до научно-истражувачки анализи и документи подготвени од страна на Еко-свест
- Можност за учество на настани и обуки организирани од страна на Еко – свест
- Можност за остварување волонтерство во Еко-свест и спроведување на активности на организацијата под водство на вработените на Еко-свест