За живот на живиот свет

Кампањата „За Живот на Живиот свет“ има за цел да им се помогне на граѓаните подобро да ја разберат важноста на урбаниот биодиверзитет и што можат тие да направат за да помогнат во ублажувањето на климатските промени и прилагодувањето на урбаниот живот кон последиците од климатските промени.

Рекреација во природа

А сега, како да се подготвите за престој во природа?
Прво, истражете го местото каде што ќе одите. Проверете ја временската прогноза и дознајте сè за пешачките патеки – колку се тешки, колку траат и каква е инфраструктурата. Ако станува збор за заштитено подрачје, најавете се во Центарот за посетители. Проверете дали патеките поминуваат низ приватни поседи или ловишта, и почитувајте ги знаците за ограничување.

Превоз и алтернативи

А што ако треба да стигнете побрзо, но сè уште сакате да придонесете за чист воздух? Електричниот тротинет е вистински хит! Лесен, брз, и супер за кратки релации. Замислете колку е забавно да стигнете на работа или до кај пријателите додека уживате во движењето и ја заобиколувате гужвата.

Прихрана на диви птици во зима

Птиците се вистински херои во природата и се многу важен дел од екосистемите. Тие се исклучителни со својата убавина и играат клучна улога во зачувувањето на балансот во природата.

Компостирање

Компостирањето е еден од наједноставните и најмоќните начини за да направиме разлика за планетата. Вака, секојпат кога фрламе остатоци од храна губиме вреден ресурс, а придонесуваме и за создавање штетни гасови во депониите. Но со компостирање, овој отпад станува вистинско богатство за природата. Наместо да го фрламе, ние му даваме нов живот.

Рециклирање

Знаете ли дека пластичните шишиња не мора да завршат на депониите? Тие можат да се реупотребат и да станат делови за електронска опрема или креативни украси за вашиот дом. Само со малку имагинација, секое шише, хартија или стакло може да добие нов живот.

Градини со зеленчук и паркови

Секое семе што ќе го посадиме е чекор кон поздрава иднина. Почнете со нешто едноставно – домати, босилек или зелена салата. Ќе бидете изненадени колку малку и треба на природата за да ни возврати со изобилство.

Дрва во урбани средини

Колку се убави градовите во кои изобилува зеленилото, градовите во кои улици во лето не зрачат со топлина, туку во овозможуваат да се движите во сенка. Урбаното зазеленување е убаво „за око“, а исто така е неоходно, бидејќи дрвјата го намалуваат загадувањето, ја регулираат температурата и создаваат средина во која можеме да дишеме полесно.

Хотели за инсекти

Кога зборуваме за инсекти, многумина од нас размислуваат на мали штетници или досадни муви, но овие мали животни имаат многу важна улога во одржувањето на животната средина. Пчелите, бумбарите и другите инсекти се главни фактори во зачувувањето на балансот во природата, помагајќи во процесите на опрашување, а со тоа и во продукцијата на храна.

Урбан биодиверзитет

Градовите не мора да бидат сиви! Зелените површини се дом за птиците, инсектите и растенијата кои ја одржуваат природната рамнотежа. Урбаниот биодиверзитет е неопходен за почист воздух, поздрава средина и подобар квалитет на живот.

Промена во урбани практики

Градовите можат да бидат одржливи, само ако го користиме просторот паметно. Зелените кровови, како овој тука, помагаат за намалување на температурите, го прочистуваат воздухот и ја задржуваат влагата. Слично, вертикалните градини ги разубавуваат фасадите, но и создаваат природна изолација, што ја намалува потребата од ладење во лето и греење во зима.