Управен одбор на Еко-свест

If not us, who? If not now, when? – John F. Kennedy

Фиданка Бачева-McGrath

Фиданка Бачева-McGrath

Претседател

Фиданка МекГрат работи како стратешки координатор во CEE Bankwatch Network и поседува широка експертиза во делот на заштита на животната средина, следење на јавните финансии, застапување и водење кампањи. Со богато искуство во еколошкото движење во Бугарија и Романија, Фиданка се стекнала со диплома за науки и политики во област на животната средина на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта. Магистрирала на Универзитетот во Белфаст на еколошко право и одржлив развој.

Во својот професионален ангажман е член на Надзорниот комитет во CEE Bankwatch Network до 2020 година и член на одборот на Училиштето за природа во Влахи, Бугарија. Од 2022 година е член на Управниот одбор на Еко-свест.

Тони Поповски

Тони Поповски

Член на управен одбор

Г-дин Тони Поповски е дипломиран инженер архитект и магистер на политички науки. Тој беше прв министер за животна средина и просторно планирање во Северна Македонија и ко-претседател (со Генералниот директор на ЕК за животна средина) на Работната група задолжена за координација на спроведување на Регионалната програма за реконструкција на животната средина за Југоисточна Европа. Тој исто така служеше како Извршен директор на Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (2001 – 2003 година) и Менаџер на неколку успешни проекти за децентрализација, реформа на секторот за води и заштита на животната средина и биолошката разновидност. Покрај тоа, тој беше член на: Меѓународното жири за доделување Европски награди за животна средина – во секторот индустрија (декември 2001 година – декември 2002 година); Европскиот комитет за животна средина и здравје (јуни 2001 година – јуни 2003 година); Меѓународниот советодавен одбор на UNEP IETC – Меѓународен центар за животна средина и технологија со седиште во Осака / Јапонија (јуни 2001 година – јуни 2003 година) и Советодавниот комитет за животна средина на ЕБОР, Лондон / Обединето Кралство (јуни 2001 година – мај 2005 година). Тој е независен консултант со 27-годишно професионално искуство и силна експертиза во анализи и формулирање на јавни политики со фокус на добро управување и вклучување на засегнатите страни, реформа на субнационални власти и испорака на јавни услуги, децентрализација, регионален и рурален развој, заштита на животната средина, и просторно и урбанистичко планирање.

Методија Миноски

Методија Миноски

Член на управен одбор

Методија Миноски е квалификуван економист, дипломиран на Економскиот Факултет во Скопје со преку 17 години искуство во меѓународна финансиска институција, специјализирана за финансирање на мали и средни прептријатија и која има силен фокус на влијанието кое го остварува кон општеството и животната средина. Од 2005 е дел од ПроКредит Банка, вклучувајќи и една година работа во Романија како Директор на Експозитура.

Со преку 15 години на раководни позиции во Банката, има големо познавање на реалниот сектор во Македонија и експерти за оддржлив развој на малите и средните компании. Од 2013 година е одговорен за развивање на систем за управување со животна средина во Банката, при тоа има знаење во имлементација на стандардот ISO 14001, како и EDGE стандардот на Светска Банка. Експерт е во доменот на развој на зелено финансирање со фокус на инвестициите во обновливи извори, при тоа бил одговорен за развивање на системот за проценка на социо еколошкото влијание кое го има Банката во процесот на кредитирање. Има искуство во подготовка на не-финансиски извештаи – Импакт извештаи, според стандардите на GRI. Има длабоко познавање за енергетскиот систем во Македонија, предизвиците и можностите кон зелена транзиција и декарбонизација.

Проф. д-р Игор Камбовски

Проф. д-р Игор Камбовски

Член на управен одбор

Проф. д-р Игор Камбовски е редовен професор и раководител на Катедрата за граѓанско право на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Има објавено десетина монографии, учебници, прирачници и брошури и над 120 научни и стручни трудови од областа на граѓанското право, облигационото право, човековите права и правото на електронска трговија во домашни и странски публикации. Учествувал на десетина научно-истражувачки и апликативни проекти, бил предавач и обучувач на  работилници и обуки од областа на граѓанското право и човековите права. Од 2018 година е Национален тутор на HELP програмата на Советот на Европа. Член е на Работната група за подготовка на Граѓанскиот законик на РСМ.

Дејан Зрмановски

Дејан Зрмановски

Член на управен одбор

Дејан Зрмановски е роден во 1968 год. во Скопје. По професија е дипломиран машински инженер. Има повеќе од 27 години професионално искуство во различни области на енергетскиот сектор. Мерење на емисии на штетни материи од термо-енергтески објекти и подготвување на соодветни извештаи. Координатор на проекти за подготовка на стратегии, програми, законска регулатива за енергетика, обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. Одлично познавање, планирање и анализа на оперативното работење на комбинирани гасни когенеративни постројки за производство на електрична и топлинска енергија во согласност со пазарните услови. Широко  искуство во модернизација и развој на системи за централно греење, подготовка и примена на тарифни методологии. Моделирање и анализа на системи за утврдување на цените на централното греење. Подготвување на физибилити студии за изградба и работа на големи фотоволтаични електроцентрали. Подготвување на тендерска документација за доделување на премии за електрична енергија произведена од фотоволтаични електроцентрали, како и модел и спроведување на тендер за јавно приватно партнерство за инвестирање во фотоволтаични електроцентрали. Координатор на проект за изработка на постројка за десулфуризација на отпадни гасови од електроцентрала на јаглен. Изработка на физибилити студии за когенеративни електрични централи на природен гас. Учество во тим за надзор над изградба на фотоволтаични електрични централи со придружна опрема и постројќи.