Проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ предводен од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, а финансиран од Шведска, објавува:
ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ГРАНТОВИ
ЗА ЛОКАЛНИ КЛИМАТСКИ АКЦИИ
Цел на повикот:
Програмата за доделување на грантови е една од главните елементи на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ чија општа цел е силно и живо граѓанско општество што ќе има значајна улога во процесот на декарбонизација, трансформација и обнова на општеството, што би резултирало со чиста животна средина, зелени економии и здрави граѓани во Македонија.
Со овој повик ќе им се обезбеди на граѓански организации да преземат директни акции во ублажување на последиците од климатските промени на локално или национално ниво и да поттикне синергија и партнерство со локалната власт и бизнис заедницата.
Право на учество:
На повикот може да се пријават граѓански организации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (Сл. Весник 52/10), кои се регистрирани најмалку 2 (две) години пред објавувањето на повикот. Граѓанските организации особено се стимулираат да изградат локални партнерства за спроведување на грантовите.
ГО кои веќе биле корисници на грант во склоп на оваа програма не можат да добијат втор грант.
Времетраење на грантовите:
Грантовите за Локални климатски акции треба да се спроведат во временски период не подолг од 5 месеци и да завршат најдоцна до 30 април 2025 година.
Вредност на грантот:
Ќе бидат доделени до 2 грантови. Вредноста на одбрен грант не смее да надмине 900.000,00 денари.
Начин на поднесување на пријави:
Пријавите се поднесуваат исклучиво по електронски пат (online) преку електронската платформа за грантови и повици достапна на веб страницата на Еко-свест https://ekosvest.com.mk
Заинтересираните организации потребно е доколку немаат, да креираат кориснички налози (профили) на електронската платформа. За полесно користење на електронската платформа достапно е упатство за користење на самата платформа на веб-страницата на Еко-свест.
Рок за доставување на пријавите:
Рокот за поднесување на пријавите преку електронската платформа е до 19.11.2024 година до 12:00 часот.
Пријавите кои нема да бидат комплетирани во овој термин нема да бидат земени предвид.
Дополнителни информации за специфичните услови кои се однесуваат на овој повик:
1.4 Програмата преку овој повик ќе обезбеди до два грантови за локална климатска акција за проекти со локално влијание до 5 месеци (но со краен рок на завршување не подоцна од 30 април 2025 година. Краен рок за доставување на финален и ревизорски извештај не подоцна од 9.05.2025 година.
1.5 За грантовите за локална климатска акција, организациите се охрабруваат да користат креативен пристап со практичен дел и да ги вклучат следниве приоритетни теми поврзани со климатските промени:
-
Зелена инфраструктура во урбани средини и нејзината поврзаност со климатски промени и биодиверзитетот;
-
Локално земјоделство и негова поврзаност со климатски промени и биодиверзитет;
-
Отпорност на климатски промени;
-
Природа и урбан биодиверзитет;
За прецизно дефинирање на активности поврзани со горе наведените теми и континуитет со сите досегашни активности се препорачува користење на податоците од следните стратешки и планирачки документи:
-
Урбаното зеленило во градот и архитектурата – Зeлен град (2024)
-
СТРАТЕШКО УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ НА ЦЕНТРАЛНО НИВО (2023)
-
СТРАТЕШКО УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ЛОКАЛНО НИВО (2023)
-
Анализа на природни непогоди во Република Северна Македонија 2005 – 2023 година
-
Извештај за загубите и штетите од климатските промени (2022)
-
Декларација за активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени
1.7 Подобни активности вклучуваат:
-
Создавање партнерства за соработка со државни и други институции и општини кои ќе го забрзаат решавањето на локалните предизвици поврзани со климатските промени (со вклучување, но не и ограничување, на практични активности, како што се промовирање и охрабрување конкретни акции на локално ниво поврзани со климатските промени.)
-
Создавање партнерства помеѓу ГО, државните институции, општини, бизнисите, и други засегнати страни/чинители за преземање специфични активности во насока на ублажување и прилагодување на климатските промени.
-
Инсталација на зелена инфраструктура осмислена да прикаже отпорност на климатските промени (зелени ѕидови, пошумување на речните корита, урбани паркови со функционални зелени површини, садење отпорни видови во градовите).
-
Активности насочени кон иновативни идеи за производство на храна во урбани средини
-
Едукативни активности за урбан биодиверзитет и климатска отпорност
-
Истражувачки активности за поддршка на урбаниот биодиверзитет и климатска отпорност на градовите
Листата е ориентациона и не е целосен список на активностите што треба да ги содржи предлог-проектот.
1.9 Грантови за локални климатски акции
-
До 30% од вкупниот буџет може да биде наменет за човечки ресурси
-
(персонал, експерти, хонорари).
-
60% од буџетот треба да се употребат за набавка на материјали (садници, системи за наводнување, итн).
-
До 10% од буџетот може да се користи за логистика и трошоци. Во овој дел е вклучена и задолжителната ревизија на проектот.
-
Доколку во проектот се предвидува партнерска соработка со друга граѓанска организација, институција или правен субјект истата треба да биде обезбедена како дел од предлог документацијата.
-
Доколку во проектот се предвидени активности за кои е потребна некаква дозвола од институција или правен субјект истата треба да биде обезбедена како дел од документацијата на предлог проектот.
-
Во склоп на овој повик не се бара да се обезбеди контрибуција за проектите. Доколку поради природата на проектот или желба на самата ГО да го зголеми ефектот од истиот сака да прикаже контрибуција, истото може да го направи.
-
Буџетот мора да е издржан добро испланиран со реални трошоци и целосно разложен, а во времетраењето на проектот се дозволува само една пренамена на средства.
3.5 Грантистите за проекти треба да достават два (2) периодични (наративен и финансиски) и еден (1) финален (наративен и финансиски) извештај. Дополнителни извештаи можат да бидат побарани по потреба од страна на донаторот.
3.6 Во рамки на Програмата за грантови ќе се организира една (1) онлајн информативна сесија на која ќе може да се добијат дополнителни информации и да се поставуваат прашања. Точниот датум, време и линк за пристап ќе бидат објавени на веб страницата на Еко-свест и на дигиталните канали на организацијата.
Прашања и информации:
Сите останати општи информации поврзани со овој повик кои се надвор од погоре споменатите специфични услови, може да се добијат преку Водичот за Програмата за грантови.
Сите прашања и информации може да се упатат преку веб страната на Еко-свест т.е. коментари на Објавата на самиот повик. Одговорите на сите прашања ќе бидат јавно достапни за сите како одговор на поставените коментари и прашања под самиот повик на веб страницата на Еко-свест https://ekosvest.com.mk.
Дополнителни информации и одговори на прашања ќе може да се добијат и преку онлајн информативната сесија од точка 3.6.
Инфо сесија
Програма за доделување на грантови 2024-2025
„Граѓанските организации во акција за климатските промени“
11.11.2024 година, 11:00 часот, ZOOM
Линк за регистрација: https://zoom.us/meeting/register/tJ0rcOyprz8qHNECF2aPeFfr5Vsqw3bNHwft
Напомена: Инфо сесијата ќе се снима
Програма
11:00 – 11:10 Добредојде и презентација на целите на подгрантовата програма Елена Николовска, програмски координатор за клима, Еко-свест
11:10 – 11:35 Повик, времетраење, вредност, известување Стојан Лешоски, Координатор за грантови
11:35 – 12:00 Прашања и одговори
Повикот е дел од проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ предводен од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, а финансиран од Шведска.
Линк до самиот повик: https://ekosvest.com.mk/?p=230686
Линкови до материјалите презентирани на Инфо сесијата: A4C-Grant-Programme-2024.pdf


