С01 Е01
Обновливи извори на енергија
(6:48)
Вовед во концептот на климатски промени со осврт на влијанието кое го имаат фосилните горива врз климата и потребата од преод кон обновливи извори на енергија.
С01 Е02
Праведна транзиција
(7:05)
Во продолжение на нашето истражување околу климатските промени, во оваа епизода се посветуваме на трансформацијата од користење на фосилни горива кон обновливи извори на енергија.
С01 Е03
Паметно енергетско планирање
(5:43)
Со сите можности кои постојат во Македонија, во наша полза треба да се искористат сите природни потенцијали без при тоа да се уништат убавините, за што е неопходно и паметно енергетско планирање.
С01 Е04
Енергетска ефикасност
(5:40)
Мерките за енергетска ефикасност претставуваат клучна алатка во намалувањето на емисиите на стакленички гасови, аерозагадувањето и предизвиците од користењето на фосилни горива.
С01 Е05
Правна рамка за клима
(6:17)
Воспоставувањето законски решенија за климата би овозможило поврзување на законите од повеќе сектори ао цел намалување на стакленичките гасови во земјата.
С02 Е01
Граѓански енергетски заедници
(4:47)
Во првата епизода од втората сезона на серијалот дознаваме што значат граѓанските енергетски заедници и како може да стата реалност и во Македонија.
С02 Е02
Просумери
(5:55)
Што значи терминот потрошувач-производител на електрична енергија и како граѓаните може сами да произведуваат електрична енергија за сопствени потреби?
С02 Е03
Воспоставување на Фонд за енергетска ефикасност
(6:25)
Големиот енергетски интензитет во државава се должи на немањето законска регулатива за енергетската ефикасност на објектите, опремата преносот и дистрибуцијата на енергијата. Дали оваа состојба може да се надмине?
С02 Е04
Здравствени последици од РЕЦ Битола
(5:14)
Најголемите производители на електрична енергија во Македонија се воедно и најголеми загадувачи со ПМ10 и ПМ2,5 честички и емисии на сулфур диоксид. Какви здравствен проблеми предизвикуваат тие?
С02 Е05
Колку ќе чини гасификацијата на Македонија?
(8:16)
Гасот е фосилно гориво кој со своите емисии придонесува кон климатските промени. Дали инвстициите во гасната инфраструкутра се исплатливи на подолг рок, кога во исто време фокусот е на напуштање на фосилните извори на енергија?
Доколку ве интересираат теми поврзани со климатските промени, дознај повеќе на порталот www.klimatskaakcija.mk и придружете се на Коалицијата за клима, преку која може да влијаете врз политиките и локалните акции поврзани со климатските предизвици и заштитата на животната средина.
Доколку како граѓани или организации имате потреба за помош при добивање информации или составување на барања до официјални лица и институции од областа на животната средина, побарајте правна поддршка од Еко-свест со пополнување на овој едноставен формулар.


