Зошто ни е потребен нов Закон за природа?

Проблемот со неефикасната заштита на природата постои одамна. Притисокот кој го прават инфраструктурните проекти врз природните предели и вредности е огромен, а сепак ова прашање никогаш не било приоритет. Привилегирани се инвеститорите кои често не ги следат прописите, а граѓаните се оставени сами да ја штитат средината во која живеат.

Сѐ почесто граѓаните сами се обидуваат да спречат штетен инфраструктурен проект бидејќи системот не успеал да идентификува или спречи штета врз природата. Голем удел во ваквата пракса имаат несоодветните законски решенија кои не нудат суштинска имплементација и функционална заштита на терен.

Зошто сега?

Законот за природа во нова верзија беше подготвен во 2018 година, но никогаш не се усвои. Во меѓувреме се развија голем број на Директиви од европоското законодавство, а и се сменија работите во пракса. Оттука, нов закон за природа во кој ќе се елиминираат нефункционалните аспекти и кој ќе ја унапреди заштитата на природата е потребниопт чекор напред.

На Македонија ѝ е потребен нов закон за природата веднаш!

🌿 Да го заштитиме нашето највредно- реките и езерата, планините и шумите, растенијата и животните.
🌿Новиот Закон за природа не е почеток, тој е следниот клучен чекор за вистинска заштита на природата!
🌿Нашата природа е светско наследство – нејзината заштита е одговорност кон нас и кон светот!
🌿Секое одложување на новиот закон за природа ја ослабува заштита која на природата и е итно потребна!
🌿Владата има одговорност да преземе чекор и да го донесе новиот Закон за заштита на природата!

Националната конференција за природа (16.04.2026)

Националната конференција за природа која ги собра на едно место локалните заедници, одржливите бизниси и експерти за да одговорат на главното прашање- Дали во Македонија е можно истовремено да се постигне економски развој и заштита на животната средина?
Низ три панел дискусии, присутните можеа да ги разменат своите искуства и да научат едни од други за нивната борба и да се поврзат, за во иднина да се развијат нови соработки и поддршки помеѓу заедниците. Меѓу говорниците беа докажани борци за животната средина и претставници на локалните заедници кои делуваат против уништувањето на природата од инфраструктурни проекти.
Еко-свест и на овој настан даде простор на Еко-културата. За време на конференцијата, посетителите можеа да ја погледнат и изложбата на цијанотипски фотографии, кои претставуваат автентичен визуелен запис на природните убавини на Демир Капија, а беа изработени од ученици во рамки на работилница на фестивалот за алтернативна фотографија „Зрно“, поддржана од Еко-свест.

„Политиките за природа како основа за заштита“ Меѓународна конференција за природа (2025)

Меѓународната конференција за природа, која вчера се одржа во Скопје со наслов „Политиките за природа како основа за заштита“ собра меѓународни чинители од Бернската конвенција, Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), странски донатори и претставници на националните институции. Главниот заклучок од конференцијата е јасен и недвосмислен: итно донесување на нов закон за природа и обезбедување државни финансии.

Конференцијата започна со нагласување на потребата од меѓународна поддршка и соработка насочена кон суштинска и сеопфатна заштита на природното наследство на Македонија.

Погледнете повеќе на линкот.