Анализа на фонд за енергетска ефикасност (2025)

Анализа на фонд за енергетска ефикасност (2025)

Автор: Еко-свест

Опис: Основна цел на овој документ е да обезбеди сеопфатна анализа за поставеноста, предизвиците и за перспективите на ФЕЕ во Република Македонија. Анализата се темели врз преглед на постојните политики, законска и институционална рамка, како и врз претходните активности за подготовка на Фондот. Дополнително, документот интегрира меѓународни искуства, добри практики и успешни примери од други земји, со цел да се извлечат поуки коишто можат да се применат во македонскиот контекст. Со тоа се обезбедува поширок осврт за можностите на Фондот за енергетска ефикасност, неговата одржливост и ефикасност, како и препораки за негово функционирање во насока на обезбедување стабилни финансиски механизми за поддршка на јавни и приватни инвестиции во енергетската ефикасност.