Анкета за потенцијал и подготвеност на граѓаните за формирање енергетска заедница во Општина Новаци (2025)

Анкета за потенцијал и подготвеност на граѓаните за формирање енергетска заедница во Општина Новаци (2025)

Автор: Еко-свест

Опис: Во текот на 2025 Еко-свест спроведе репрезентативно истражување во Општина Новаци. Целта беше да се добијат сознанија за ставовите, информираноста и подготвеноста на граѓаните во Новаци за учество во граѓанска енергетска заедница која ќе се базира на Обновливи извори на енергија.

Анкетата е спроведена на 329 испитаници и укажува на значителен потенцијал за формирање енергетска заедница во Општина Новаци, иако постојат бариери кои бараат системски пристап и подобра поддршка од институциите.