Еколошки жешки точки
Индустриските контаминирани локации (ИКЛ) или како што ние ги нарекуваме Еколошки жешки точки настанале со депонирање на руднички отпад, отпад од металуршки процеси, пепел и шљака од согорување на јаглен во термоелектраните, како и талози и тиња од петрохемиски процеси. Откако индустриските процеси биле прекинати во периодот на приватизација/транзиција, депониите биле напуштени, додека емисиите на тешки метали, или органски соединенија во почвата, површинските, подземните води и воздухот продолжиле, во отсуство на мониторинг и соодветни мерки за заштита.
Тец Осломеј
Термоелектраната Осломеј во кичевскиот регион е втор по големина енергетски капацитет во државата. Од 1980 година, овој комбинат произведуваше околу 10% од домашната струја, но зад тоа производство стои сериозна еколошка цена која ја плаќаат граѓаните.
Што се крие во околината на комбинатот? Децениската работа на термоелектраната создаде огромни депонии на пепел од согорувањето на јагленот. Ова не е обичен отпад – тоа е постојан извор на опасност за Кичево и околните села.
Зошто е ризично за здравјето?
-
- Тешки метали: Пепелта содржи висока концентрација на опасни метали кои преку дождовите продираат во почвата и во подземните води.
- Радиоактивност: Истражувањата потврдуваат зголемена радиоактивност во депонираната пепел, што претставува сериозен долгорочен ризик за здравјето на населението.
- Загадување на воздухот: При најмал ветер, оваа ситна прашина се разнесува низ целиот регион, завршувајќи директно во белите дробови на граѓаните.
| Локација: | Кичево |
| Засегнато население: | жителите на Кичево |
| Оддалеченост од населено место: | 10 км |
| Контаминација на: | почва и воздух |
| Состав на отпад: | кадмиумот, оловото и цинкот во испитуваните почви укажува на нивно антропогено зголемување кое е резултат на работата на рудникот и термоелектричната централа . |
| Количина на отпад: | |
| Ниво на опасност: | Оваа пепел има зголемена содржина на тешки метали и зголемена радиоактивност и претставува сериозен извор на загадување на животната средина и на околното население. |