Центар за истражување и информирање за животната средина

Еко-свест Скопје

20 години Еко-свест

На 15 септември 2022 година Еко-свест ја прослави својата 20 годишнина со свечен настан и презентација на досегашните постигнувања. Настанот беше под покровителство на Претседателот на Република Северна македонија, г-н Стево Пендаровски,

Во последните 20 години Еко-свест има спроведено над 80 проекти, објавено околу 100 публикации, добиено 3 награди и признанија. Над 300 претставници од граѓанскиот сектор биле директно обучени од Еко-свест, а 20 организации станаa наши грантисти.

Нашите јавни кампањи за подигнување на свеста за климатските промени, заштитата на природата и водите, аерозагадувањето, енергетската транзиција и зелената трансформација имаат допрено до над 1 милион граѓани.

На свечениот настан Претседателот Стево Пендаровски имаше свое обраќање истакнувајќи ја важноста на финансирањето во секторот животна средина и енергетската транзиција.

За нас

Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест е здружение на граѓани основано на 18.09.2002 година во основен Суд 1 Скопје, под регистарскиот број З.Г. 192/02.

Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина.

Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.

Нашата визија е праведно, одговорно и совесно општество каде здрави граѓани одржливо живеат во благосостојба и во хармонија со животната средина.

Посебни цели и задачи на „Еко-свест“ се:

  • Информирање за потенцијалните негативни влијанија врз животната средина и луѓето;
  • Промовирање на решенија за здрави и одржливи пракси и политики во областа на заштита на животната средина и застапување на истите во процесите на креирање политики;
  • Истражувања и анализи во област на заштитата на животната средина и човековото здравје;
  • Промовирање и застапување за учество на јавноста во процесите на донесување одлуки во област на животната средина и поддршка на заедниците за остварување на ова право;
  • Информирање и едуцирање на јавноста за можните негативни влијанија и начините за спречување и избегнување на истите врз животната средина и човековото здравје особено кај жените, децата и старите лица;
  • Формирање и водење на коалиции и други тела составени од организации, експерти и институции со цел заедничко застапување за заштита на животната средина;
  • Активно учество во постапките на измена и донесување на законски акти во област на заштита на животната средина;
  • Спроведување на посебни активности во областите на:
  • заштита на климата
  • заштита на природата
  • заштита на медиумите на животната средина (воздух, води, почва)
  • одржлив развој на локалните заедници
  • одржлив транспорт
  • одржливи и паметни решенија за енергетскиот систем
  • одржливо управување со отпадот
  • иновации во заштитата на животната средина
  • паметно просторно планирање
  • поддршка на заедниците и активно граѓанство.

Еко-свест Вевчани

Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест денес во Вевчани отвори своја локална канцеларија, а беше потпишан и Договор за проектот „Поддршка на одржливо управување на Заштитеното подрачје „Вевчански извори“, со PONT (Prespa Ohrid Nature Trust) кој ќе се спроведува до август 2025 година.

Целта на овој проект е да се обезбеди поддршка за одржливо управување со заштитеното подрачје Споменикот на природата “Вевчански Извори”. Со спроведувањето на овој проект ќе се изврши ефективно следење на клучните видови во Споменикот на природата „Вевчански извори“, поставување на едукативни табли и патокази, воспоставување на еко-патрола, едукација за биолошката разновидност, како и привлекување на повеќе посетители во подрачјето.

Области во кои делуваме