Правни совети - серија информативни видеа
Еко-свест во рамки на програмата „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ подготви серија видеа кои нудат конкретни и практични информации за различни прашања поврзани со правната регулатива и можностите кои им стојат на организациите и граѓаните на располагање за остварување на нивните права, пристап до информации и правда и учество на јавноста. Видеата треба да им послужат на засегнатите граѓани како објаснување и олеснување низ процесот на постапување со надлежните институции при остварување на нивните права.
Доколку како граѓани или организации имате потреба за помош при добивање информации или составување на барања до официјални лица и институции од областа на животната средина, побарајте правна поддршка од Еко-свест со пополнување на овој едноставен формулар.
Механизми за учество на јавноста на државно и локално ниво Февруари 2023 година
Вклучете се во креирањето на политиките на државно и локално ниво и придонесете за подобра заштита на животната средина. Во ова видео ќе се запознаеме со законските одредби за начините за вклучување во донесувањето на одлуки на државно и локално ниво.
Постапка за спроведување на референдум на локално ниво Февруари 2023 година
Вклучете се во креирањето на политиките на локално ниво и придонесете за подобра заштита на животната средина Во ова видео ќе се запознаеме со постапката за спроведување на референдум на локално и национално ниво.
Постапка за спроведување на референдум на национално ниво Февруари 2023 година
Вклучете се во креирањето на политиките на локално ниво и придонесете за подобра заштита на животната средина Во ова видео ќе се запознаеме со постапката за спроведување на референдум на локално и национално ниво.
Обврски на граѓанските организации според Законот за фондации и здруженија на граѓани
Во ова видео ќе се запознаеме со законските обврски на граѓанските организации според Законот за фондации и здруженија на граѓани Подобрата внатрешна организираност на граѓанските организации очекувано ќе придонесе за поголема нејзина успешност во функционирање и спроведување на задачите.
Учество на јавноста во процесот на изготвување закони и измени на закони Февруари 2023 година
Во ова видео ќе се запознаеме со начините преку кои можете да се вклучите во процесот на изотвување на законите и нивното изменување. Граѓанските организации треба да влијаат на подобрување на законите во рамки на процесот на процена на влијанието врз регулативата кои министерствата се должни да го спроведат.
Издавање на интегрирани еколошки дозволи и учество на јавноста во процесот на издавање на дозволите
Граѓанските организации можат да влијаат одредена активност да се спроведува на поеколошки начин. Во ова видео ќе се запознаеме со издавање на интегрирани еколошки дозволи и учество на јавноста во процесот на издавање на дозволите Издавање на интегрирани еколошки дозволи и учество на јавноста во процесот на издавање на дозволите
Надлежности, поднесување иницијатива за инспекциски надзор и спроведување на инспекциска постапка
Користете го инспекцискиот надзор за да обезбедите соодветна примена на законодавството и поголема заштита на животната средина.
Учество на јавноста во користењето на водите Февруари 2023 година
Граѓанските организации може да придонесат за одржливо користење на водите!
Спроведување на постапка за Оцена на влијанието врз животната средина и учество на јавноста
Во ова видео ќе се запознаеме со “постапката за Оцена на влијанието врз животната средина и учество на јавноста” Зголемете ја заштитата на животната средина преку вклучување во процесот на процена на влијанијата кои одреден проект или дејност ќе ги предизвика врз животната средина
Стратегиска оцена за влијание врз животна средина Февруари 2023 година
Вклучете се за поголема заштита на животната средина при изработката на плански и стратешки документи!
Стратегиска оцена се спроведува на плански документи кои се подготвуваат во разни области со кои се создава основа за изведување на проекти за кои се врши оцена на влијанието врз животната средина или на сите плански документи со кои се уредува управувањето со заштитените подрачја прогласени согласно со закон или пак можат да влијаат врз тие подрачја.
ЕНЕР – Единствен национален електронски регистар на прописи
Правниот систем во Македонија регулира начини, рокови и фази во кои јавноста може да ги даде своите мислења, препораки, коментари и забелешки за одредена политика, закон, студија за оценка на влијанието врз животната средина, издавање на дозволи и слично, преку користење на единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија – ЕНЕР. https://ener.gov.mk/
Закон за природата
Запознавање со одредбите и содржината на Законот за природа и надлежностите во областа на прогласување и управување со заштитените подрачја во Македонија.
Закон за јавни патишта и надлежности на општините
Запознавање со одредбите и содржините на Законот за јавни патишта и надлежностите на оштините во областа на патниот сообраќај и поделба на надлежностите помеѓу Градот Скопје и општините во Градот Скопје.
Закон за управување со отпад и надлежности на општините
Запознавање со одредбите и содржините на Законот за управување со отпад и надлежностите на општините во управувањето со отпад и надлежен испекторат за инспекциски надзор над управувањето со отпад.
Закон за управување со дополнителни текови на отпад
Запознавање со законските правила за управување со дополнителните текови на отпад и за проширената одговорност на производителите за управување со посебните текови на отпад, како што се текстилот, гумите, маслата, возилата заедно со нивните вградени делови и материјали, како и отпадите од овие производи.
Закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори
Запознавање со одредбите и содржините на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадните батерии и акумулатори.
