СТРАТЕШКО УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ЛОКАЛНО НИВО (2023)
Автор: Бојан Трпевски
Опис: Документот има цел да ги постигне следните истражувачки цели:
• Да се идентификува степенот на спроведување на законодавството за долгорочно управување со животната средина на локално ниво од формален и суштински аспект;
• Да се идентификуваат недостатоците во спроведување на законодавството.
Методолошкиот пристап при изработката на документот вклучува примена на следните истражувачки методи:
• Канцелариско истражување – консултирање на националното релевантно право поврзано со воспоставување долгорочно управување со животната средина и климатските промени;
• Барања за слободен пристап до информации од јавен карактер – користење на алатката за слободен пристап до информации од јавен карактер со цел да се приберат релевантни информации.
Документот го опфаќа периодот од 2016 година заклучно со март 2023 година.