Анализа на алтернативи на централното греење базирано на јаглен во Битолскиот Регион (2022)

Анализа на алтернативи на централното греење базирано на јаглен во Битолскиот Регион (2022)

Автор: Вања Џинлев

Опис: Студијата ја испитува моменталната состојба со греењето во Битолскиот Регион (покривајќи ги општините Битола, Могила и Новаци), проследена со анализа на техно-економскиот потенцијал за користење на децентрализирани решенија за греење, кои исто така се во согласност со заложбите на земјата за заштита на животната средина. Анализираните опции за греење кои се дадени во оваа студија се и економски и еколошки одржливи алтернативи на планираниот систем за централно греење, не само долгорочно, туку и како непосредни решенија.

Со анализирање на различни извори на греење како алтернатива на термоцентралата, оваа студија ги истакнува можностите за промовирање на локални и одржливи решенија за греење со усвојување на приспособен, контекстуализиран пристап, наместо фокусирање на големи проекти со огромно еколошко влијание, мала економска исплатливост и голем потенцијал за корупција, сè на сметка на зависноста од фосилни горива.

Analysis of alternatives to coal-based district heating for the Bitola region in North Macedonia (2022)