
Анализа на регулативите за обновливи извори на енергија со посебен акцент на правилникот за обновливи извори на енергија, за идентификување на процедурите, правните и техничките аспекти за инсталирање на фотоволтаични системи за домаќинствата во Република Северна Македонија (2023)
Автор: Еко-свест
Опис: Во понатамошниот текст ќе бидат анализирани техничките и правните аспекти за инсталирање на фотоволтаични системи за домаќинствата согласно важечките законски и подзаконски акти, како што се Правилникот за обновливи извори на енергија, Законот за енергетика, Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија и Законот за градење и ќе се дадат препораки за промена и дополнување на истите со цел поттик на граѓаните за инвестирање во фотоволтаични системи.