
Анализа на сценаријата за пристапувањето во Европската унија низ призмата на имплементацијата на Стратегијата за енергетика, емисиите и целите утврдени од страна на ЕУ и во другите меѓународни договори (2018)
Автор: Здружение на граѓани „Македонски центар за европско образование“ ‐ Скопје
Опис: Енергетиката претставува основна потреба на секоја модерна држава, па поради тоа државите посебно ги акцентираат прашањата поврзани со истата. Но покрај националниот интерес на државите, енергетиката е прашање чиј фокус излегува надвор од националните интереси, пред се поради нерамномерната распределба на енергенсите и развојот на самиот сегмент енергетика. Имено, бројни меѓународни и регионални документи се изготвени и потпишани со цел да се обезбеди енергија за основните потреби на државите за нормално функционирање, и задоволување на основните потреби на луѓето во секојдневниот живот.