Автори: Марија Штерјова, Жарко Конески, Елена Николовска, Емилија Сарафска
Опис: „Визија за развој на Битола“ е резултат на истражувања, состаноци, консултации и информирање со засегнатите страни, и анализа на националните документи и планови за одржлив развој во Република С. Македонија, со фокус на Битолскиот Регион кој е зависен од јаглен. Документот предлага план за трансформација на Битола во регион со одржлив енергетски развој и заштита на животната средина, усогласен со меѓународните договори и националните документи за одржлив развој. Внимателното планирање и иновативните решенија ќе донесат долгорочни придобивки за регионот и сите засегнати страни – социјална стабилност, намалување на загадувањето и отворање нови економски можности во процесот на праведен премин кон обновливите извори на енергија.
Документот на следниот линк.