
Го откриваме светот со Полјанка Ливадовска- Прирачник за запознавање на природата преку игра (2021)
Автори: Лилјана Јовановиќ, Соња Баѓура
Опис: Децата го развиваат својот еколошки идентитет уште во најраното детство. Преку игра, тие го запознаваат и откриваат своето најблиско опкружување, го развиваат односот со природата, ја будат емпатијата и ја развиваат свеста и грижата за животната средина. Преку игра, храбрата и љубопитна глувчица -Полјанка Ливадовска ќе ви раскаже за значењето на водата, воздухот, земјата, храната, биолошката разновидност и нашето место во природата.
Прирачникот „Го откриваме светот со Полјанка Ливадовска“ е наменет за сите воспитувачи, учители, родители и едукатори кои сакаат да им овозможат на децата да се поврзат со природата, да ја сакаат и да живеат во хармонија со неа.
Прирачникот изработен во рамки на проектот „Заштитените подрачја за природата и луѓето II“ кој го спроведува WWF Adria во партнерство со Еко-свест, а истиот е финансиски поддржан од Шведската агенција за меѓународна соработка- Sida.