
Екосистем за 7, 8 и 9 одделение (2018)
Автори: Светлана Пејовик, Фросина Ангелова
Опис: Екосистем е систем кој ги вклучува сите живи суштества (растенија, животни и микроорганизми) кои живеат во дадена област, нивните мег усебни врски, како и врските со неживата природа (временските услови, земјата, сонцето, почвата, климата, атмосферата). Сè во природата, вклучувајќи го и човекот, е во меѓусебна зависност и
поврзаност. Рамнотежата единствено ја нарушува човекот со своето делување и прекумерно користење на сето она што Земјата ни го пружа, и покрај тоа што со таквото однесување си ја нарушува и сопствената благосостојба. Истовремено, човекот со својата свесност и промена на однесувањето е тој што има моќ да придонесе за враќање на рамнотежата во природата кон изворната совршена целина.