Загадување на воздухот и поврзани здравствени последици во Новаци, Северна Македонија (2021)

Загадување на воздухот и поврзани здравствени последици во Новаци, Северна Македонија (2021)

Автори: Давор Пехчевски, Иоана Чута, Влатка Матковиќ

Опис: Во последните четириесет години општината Новаци во Северна Македонија е дом на комплесот РЕК Битола, кој се состои од термоелектрична централа на лигнит од 675 MW, површински рудници и депонии за пепел.

Нејзините жители дишат загадување што се испушта од комплексот и неговите објекти во форма на прашина, сулфур диоксид и азотни оксиди. Скоро од секоја страна селото е изложено на вадење и согорување на јаглен или депонирање на пепел: самата централа на северо-исток, главната депонија за пепел и рудникот за лигнит на исток и јаловината од рудникот за лигнит на југо-исток.
Главните загадувачи кои влијаат на квалитетот на воздухот во Новаци се честичките прашина (PM 10 и PM 2.5 ) и сулфур диоксидот (SO 2 ).