
Истражување на здравствената состојба на питомиот костен во Споменикот на природа Вевчански извори (2024)
Автор: проф. д-р Кирил Сотировски и доц. д-р Михајло Ристески
Опис: Извештај од спроведено Истражувањето на здравствената состојба на питомиот костен во Споменикот на природа Вевчански Извори, со фокус на последиците од болеста „рак по костенот“ предизвикана од габичката Cryphonectria parasitica. Во извештајот се вклучени детални согледувања од теренските и лабораториските истражувања, како и предлог-мерки за подобрување на состојбата.
Истражувањето на здравствената состојба на питомиот костен во Споменикот на природа Вевчански Извори е дел од проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански извори“ спроведуван од Еко-свест, финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.