Колку чини животот?

Колку чини животот?

Автор: Еко-свест во соработка со Неда Коруновска и Мајк Холанд

Опис: Научните истражувања веќе имаат докажано дека емисиите од електраните на јаглен во Европа имаат разрушувачки ефект врз животната средина и здравјето на човекот. Последните истражувања проценуваат дека негативните ефекти се причина за повеќе од 23 000 предвремени смртни случаи во Европа. Во Европа трошоците кои произлегуваат од загадувањето (болнички трошоци за заболените, главно од респираторни и кардиоваскуларни болести) се проценува дека се 42,8 милијарди евра на годишно ниво. Помеѓу 4% и 10% од населението во Европа е дијагностицирано со хронични белодробни проблеми, додека 30 милиони имаат астма како резултат од загадувањето кое го предизвикуваат електраните на јаглен.