
Меѓународните конвенции и нивното значење (2022)
Автори: Симона Трајковска и Жарко Конески
Опис: Патување низ светот со кое ги откриваме местата каде што се донесени некои од најзначајните меѓународни конвенции за заштита на природата и животната средина. Сите се донесени како резултат на развојот на човечката свест со цел зачувување и унапредување на животната средина, заштита на човечкото здравје и разумно искористување на природните ресурси. Заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата се темелна вредност на нашиот уставен поредок, а со меѓународните конвенции нашата земја презема обврска за нивно почитување и примена. Дознајте зошто биле донесени овие глобални одлуки и како се применети во Македонија за заштита на нашата природна и животна средина.